Home » Во фокусот » Извештај од Conventa Crossover конференцијата – “Толку блиску, а толку далеку од Македонија“

Извештај од Conventa Crossover конференцијата – “Толку блиску, а толку далеку од Македонија“

Автор: Огнена Ристовска, основач и генерален менаџер на Моментум Инк.

На почетокот на оваа недела, имав чест и задоволство да присуствувам и зборувам на Conventa Crossover, конференцијата во свеж, креативен и уникатен формат, и настан кој лесно кажано и донекаде неочекувано, прерасна во highlight на моето лето.

Со оглед на тоа дека настанот без размислување може да се нарече успешна приказна, а и имајќи предвид дека таргетира еден прилично релевантен дел од маркетингот кој за жал кај нас во Македонија е многу малку (веројатно најмалку) застапен, сметам дека ова искуство треба да се доближи до нас и нашите маркетинг професионалци, во надеж дека ќе започне дискусија или барем размислување во насока на придружување и признавање на се поголемиот замав на MICE (Meetings, Incentives, Conferences & Events) индустријата, како и Travel Marketing-от.

Имено, ова беше првото издание на Conventa Crossover, во организација на Toleranca Marketing, конфернција посветена на иднината на MICE и Travel Marketing, а која таргетира широк спектар на маркетинг и евент професионалци, а примарно планери на настани, агенции кои се занимаваат со организација на настани, конференции, incentives, итн., локации & дестинации (venues & destinations), DMC (Destination Management Companies), хотелиери, и многу други.

marketing ring - conventa

Marketing Ring

Како што ветуваше од првиот поглед на концептот, настанот беше реализиран во уникатен формат, со целосно преуредување (и наменско реновирање) на салата, во повеќе секции: две сцени од кои Content Bar во вистинска форма на бар, од кој говорниците се обраќаа, како и Marketing Ring, во кој се водеа жестоки дискусии на таргетираните теми, неформален распоред на седење во креативни катчња и изложбени делови, па дури и лулашка за опуштање. Конференцијата изобилуваше со квалитетна содржина од 30 одлични говорници (scroll надолу до програмата), а во ниеден момент не недостасуваше динамичност со оглед на тоа дека на истите се обраќаа во Pecha Kucha, TEDx и Elevator Pitch формати, а беа одржани и две работилници, key note обраќања и една панел дискусија.

Место за панел дискусии

Место за панел дискусии

Како најактуелни теми, и еден вид на заедничка точка на акцентот на сите говорници, можат да се издвојат зголемената важност од маркетингот преку содржина (content marketing), неспоредливоста на искуството на потрошувачот (customer experience), како и сѐ поголем акцент на трендовите во дигиталниот и социјален маркетинг и презентирање на бројни дигитални искуства за кампањи и настани, со апел дека сериозни промени мора да се направат во однос на тоа како овие алатки се користат до сега, а како на истите да им се придаде уште повеќе значење и внимание. Дополнително, key note обраќањето се обиде да ја долови MICE индустријата за 10 години од сега, и како и напредоците во поглед на Virtual Reality, Augmented Reality,  роботиката и тн, кои веќе стануваат реалност ќе ја изменат MICE & Travel индустријата, но и целокупната маркетинг индустрија генерално.

Презентирани беа и успешни приказни од стратегии на ребрендирање на градови и земји (конкретно за Iceland по ерупцијата на вулканот во 2010, како и Љубљана – прогласена за European Green Capital во 2016та), а се одржаа и две работилници – за дизајнирање на настани како и специфично за оние инволвирани во маркетинг и продажба на локации за настани. Со оглед на тоа дека настанот беше наменет за иднината на MICE индустријата, следеше и одлична дискусија на тема како луксузниот туризам сѐ менува, нова генерација на маркетинг во туризмот, а презентирани беа и иновативни алатки и решенија во дизајнот на настани, како на пример употребата на Sli.do која продуктивно се користеше во текот на целата конференција, Mash Machine која додаде посебен тон на забава, опуштена и отворена атмосфера и вмрежување на делегатите, како и користење на мобилни апликации за настани, во овој случај Superevent која се покажа како неверојатно практична работа во следење на содржината, говорниците, агендата и динамичниот распоред.

conventacrossover

Конференцијата беше водена со исклучителна модерација, интеракција и анимација како на публиката, така и на говорниците, од страна на Jan Jaap In der Maur, од Masters in Moderation.

Не изостануваа дури ни тетовираните шефови, кои како додадена вредност на овој настан приредија и фантастично кулинарно искуство, а преку кои во добар дел оваа конференција беше и маркетирана.

Според сите критериуми – квалитет на содржина и говорници, формат, атмосфера, додадена вредност, промоција на дестинацијата Љубљана како MICE дестинација, ова може да се оцени како настан на највисоко ниво.

За жал, во моментов во Македонија организацијата на настани, и MICE индустријата воопшто, скоро и да не постои. Напори во брендирање и маркетирање на земјата како MICE дестинација и покрај тоа што се често и попрофитабилни од leisure туризмот, за жал не постојат, иако регионот далеку пред нас ја препозна и ја користи оваа можност. Со сето ова на ум, за жал доаѓам до една мисла: „Толку блиску, а толку далеку“. Останува да ги приложуваме нашите скромни напори во насока на развивање на оваа индустрија и кај нас, бидејќи можностите се навистина големи. Се надеваме дека ќе ни се придружите во оваа визија.

Со надеж за позитивни промени до следното читање, ве поздравувам.

Огнена Ристовска, основач и генерален менаџер на Моментум Инк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365