На ден 12.07.2018 година во хотел Порта, ќе се одржи настанот “Costumer Service Conference“
Целта на конференцијата е да се разбуди свеста дека добрата услуга е клучна за зголемување на профитот на компанијата.
Само 4% од клиентите се жалат за лошата услуга, другите 96% едноставно одат да ги трошат парите кај Вашите конкуренти.
Присутните на оваа конференција ќе научат стратегија за услуги на клиентите, како љубезно да ги услужуваат клиентите и истите да станат нивни лојални клиенти, а врз основа на тоа да го зголемат профитот на компанијата. Како да се справат со незгодни клиенти а при тоа, таа ситуација да им не влијае понатаму во работниот ден со другите клиенти.
Теми и вежби на кои ќе се работи на конференцијата се:
– Идеален купувач
– Што работам добро, а што лошо во давање на услуга
– Што ќе направам и променам до крајот на 2018 г.
– Kако да го надминеме стресот после конфликтен клиент и како да продолжиме смирено да работиме?
Настанот е наменет за сите вработени кои што имаат директна комуникација со клиенти, претприемачи, сопственици на бизниси и извршни менаџери, менаџери за маркетинг, продажба, како и банки, телекомуникациски компании, аптеки, продажни ланци, дистрибутери, производители, осигурителни компании… и сите оние на кои им се важни желбите на купувачите и кои имаат определба нудејќи квалитетна услуга да стекнат лојални клиенти.
Предавачи на настанот ќе бидат Кристина Ерцеговиќ, сериски претприемач, писател и бизнис ментор и Катерина Ангеловска, тренер за личен развој и мотивациски говорник.
Повеќе информации на: http://bit.ly/kasiaCSC
Facebook настан: https://www.facebook.c om/events/198155237679717/