Home » Extra 5 » Coursera, платформата за едукативни курсеви лансираше онлајн учење за компаниите

Coursera, платформата за едукативни курсеви лансираше онлајн учење за компаниите

Ги помните ли MOOC? Или уште познати како масивни отворени онлајн курсеви. Оваа едукативна технологија ( d-tech) имаше револуционерна цел за повисоко образование, реализација на квалитетни часови за сите луѓе и тоа за ниски суми или бесплатно. На крајот од 2012 година Њујорк Тајм презентираше приказна насловена како “Годината на MOOC.” Сето тоа предизвика возбуда. Но за извесен период замре. Но за стартапите, барем поголемите во светот, не.

courseraforbusiness_homepage1

Курсера (Coursera), еден од најголемите онлајн бесплатни курсеви на интернет MOOCs, сеуште има мисија да обезбеди високо образование на сите корисници на интернет низ целиот свет. Деновиве компанијата го лансираше Coursera за Бизниси, креирајќи платформа за компании. Според основачот Rick Levin, голем процент од корисниците на нивниот сајт трагаат по содржина која ќе ги унапреди во нивната кариера. Многу од нив се најавуваат со корпоративни емаил адреси. “Со таква мисла, осетивме дека може да ги прошириме хоризонтите и бројот на корисници кон кој целиме со диретно пристапување до компаниите,” Levin соопшти за време на интервјуто преку телефонскиот разговор оваа недела за Њујорк Тајмс.

За останатите, Coursera нуди онлајн курсеви креирани од 145 универзитети, вклучувајќи ги Stanford и Duke. Тие ги вклучуваат “Python за секого,” “Основи на теоријата на музиката,” и “Како да започнете свој бизнис.” Компанијата сподели дека во моментот има 21 милион регистрирани корисници или ученици.” Но секако оваа компанија не е сама. Нејзината конкуренција ja вклучува профитната организација за образование Udacity а од непрофитна страна Khan Академијата, која се фокусира на помладите студенти. Досега овие компании не лансирале производи за корпоративна потрошувачка.

Првобитните клиенти на Coursera беа BNY Mellon, Boston Consulting Group, L’Oreal, и Axis Bank. некои користеа Coursera за време на нивните обуки. Други, едноставно гледаа како на алатка за подобрување на знаењето. На крај кој не би сакал да учи основни нешта?  

Без сомнение, првата мисија на MOOC беше благородна, и сеуште може да се постигне. Но, можеби следниот потег на Coursera е добар показател за она што допрва го планира: профит. Кој секогаш беше дел од целта.

Што милите колку овие платформи би биле успешни ако настапат локализирано? Како би поминала една online платформа од типот на Coursera во Македонија, со македонски предавачи и наменета само за македонски слушатели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365