McCann Белград учествуваше во програмата на фестивалот FONklame
Неодамна заврши дванаесеттиот фестивал за маркетинг насловен FONklame, во организација на Центарот за развој на кариера на ФОН, а меѓу учесниците беше и тимот на McCann Белград, кој на студентите им презентираше студија на случај. По презентацијата, студентите добија задача да го применат стекнатото знаење во пракса преку решавање на конкретни задачи, а најдобрите ги чекаа вредни награди.
Агенцијата I&F Grupа редовно поддржува секакв вид на соработка со универзитети и виши школи и со задоволство учествува во предавањата и работилниците со помладите генерации и секогаш одговара на повиците за гостински предавачи. Овој вид на соработка е значаен за сите млади перспективни луѓе кои се во потрага по свое место под маркетиншкото сонце, но и за сите агенции кои се вклучени во овие активности, бидејќи на таков начин лесно ги наоѓаат, препознаваат, обликуваат и вработуваат оние кои се пронаоѓаат во оваа работа. Во секое време, во сите агенции на I&F Група постојат луѓе кои извршуваат професионална пракса на различни позиции, а тоа за нив претставува можност да се запознаат со работата, со агенцискиот живот и преку овој процес можеби да откријат и со што навистина сакаат да се занимаваат.
Разговаравме со Александра Брадиќ (Account Director), Бранко Тмушиќ (Senior Designer) и Александар Милојевиќ (Strategic Planner) од агенцијата McCann за важноста на соработката со универзитетите, искуствата со менторската работа со студентите и начинот на кој младите генерации го перцепираат светот на работата.
Каков впечаток Ви оставија младите генерации кои влегуваат во светот на маркетингот? Што ги интересира? Колку се посветени?
Бранко: Изненадувачки се љубопитни и загреани да се докажуваат и да се натпреваруваат. Преполни со прашања, дух и игри.
Александра: Во студијата на случај имаа можност да учествуваат студенти од различни факултети, така што сигурно на сите не им е кариерен пат – патот на маркетингот. Она што беше феноменално беше тоа што меѓу нив немаше разлики во пристапот и размислувањето, кај сите подеднакво постоеше желба да ги поместат границите и направат нешто несекојдневно преку нивните задачи.
Александар: Посветеност е збор кој најдобро ги опишува студентите со кои имавме можност да работиме во текот на овие седум дена – преку пристапот кон проблемите и консултации со нас, тие покажаа неверојатен интерес и желба нивните проекти да бидат што подобри, што на крајот се покажа на нивните презентации.
Кој е Вашиот бенефит од ваквата соработка со студентите? Какво е чувството да се вратите на факултет?
Александра: Мене лично, нивната енергија и мотивираност, ми го вратија почетниот ентузијазам. Покрај тоа, со приближување на нашата индустрија и она што го правиме за клиентите, се потсетив колку маркетинг агенцијата дава можност за промена на правилата на игра на пазарот, во општеството …
Александар: Нашата агенција веќе неколку години е присутна на факултетите, преку разни програми – од предавања до конференции. Секое враќање на факултет ме потсетува дека во текот на своите студии на Факултетот за политички науки мислев дека ќе се занимавам со новинарството – а сега сум во агенцијата McCann Белград. Тоа секогаш дополнително ме мотивира на понатамошен личен развој, бидејќи високото образование е основа на идната кариера која продолжувате да ја проектирате и градите сами.
Бранко: Бенефит се искуството и самиот процес. Враќањето на факултет ме потсети дека е многу важно во се` што правиме да се пристапува преку игра и забава, како што го прават тоа помладите колеги.
Дали е лесно да се биде ментор? Што Ве изненади?
Александар: Задоволство е да се биде ментор на студентите во ваков проект. Сепак, што се однесува до младите луѓе кои завршуваат на факултет, секој совет може да оди во погрешна насока. Изненадувачки е колку брзо ги сфатија “правилата на игра”, а веќе во своите први задачи искористија некои трикови кои се учат дури после неколку години во нашата работа.
Бранко: Да се даваат добри примери, односно да се биде ментор, е универзална задача за сите нас. Да се биде мантор за помладите колеги во овој процес беше многу одговорна задача. Покрај конкретните искуства и знаење што сакавме да им ги пренесеме, донекаде беше важно се` да претставиме на начин на кој навистина функционира во рамките на односот клиент-агенција и обратно. На некој начин, да се наречат работите со вистинско име. Особено во темата “Одржлив развој”, која беше нашата основна идеја од која се водевме.
Александра: Лесно е да се наведне зелена гранка 😊 Тоа е тим од амбициозни, талентирани и посветени луѓе полни со позитивна енергија со кои беше задоволство да се работи. Беше неверојатно како тие успеаа во рамките на тимовите да се усогласат и да бидат една компактна целина во настапот, иако некои од нив пред тоа не се познаваа.
Кои се најголемите придобивки од менторството за студентите?
Бранко: Процес, процес и процес.
Александра: Конкретно, нашата цел со менторството беше малку да ги раздрмаме и да им дадеме можност да го согледаат другиот агол во решавање на проблемите. Ги ослободивме максимално од сите техники, со цел да се опуштат и да дадат свој отпечаток на проектната задача.
Александар: Како што реков, факултетот е основата на идната кариера која ја проектираме и градиме како што сакаме, а ваквите проекти се корисни токму поради тоа што учесниците не се од исти факултети, некои од нив во нивните наставни програми немаат предмети за маркетинг и ова е можност за нив можеби да се пренасочат и директно да се запознаат со идната индустрија во која ќе работат, а можеби дури и со идниот работодавач.
По што се издвои проектот на победничкиот тим? Дали одлуката беше лесна?
Александра: И покрај тоа што постоеја мали разлики меѓу тимовите и одлучија нијансите, ајде да кажеме дека победничкиот тим се држеше најмногу на темата, а имаа и одличен тимски настап кој најмногу дојде до израз кога одговараат на прашањата и го бранеа својот проект.
Александар: Секој тим покажа поинаков пристап и свој личен стил, како во решавањето на проблемите, така и во презентирањето. Пресуди разбирањето на задачите и конкретното решение – а ова најдобро се покажа во работата на победничкиот тим (Ромедија). Нивниот стил е јасен, концизен и конкретен, решението е едноставно, а настапот ефективен. И меѓу нас, ми е жал што не можевме да избереме два победници.
Бранко: Мој личен фаворит не победи, но со демократски начин на гласање, колегите ме надгласаа. 😊 Сигурно одлучуваа нијанси. Победничкиот тим ми се чини, беше посугестивен.
Каква награда го очекува најдобриот тим?
Бранко: Идните колеги веќе ја добија наградата и пред прогласувањето на победничкиот тим, а тоа е процесот. Процесот низ кој поминаа е исклучително важен, затоа што, да се имаат во предвид чекорите во раѓањето на одредени идеи е победничка формула за секое наредно донесување идеи на свет, односно реализација. Победничкиот тим, кој ќе биде на пракса со нас, дефинитивно ќе биде еден или два чекори поблиску до таа формула која подоцна многу похрабро ќе се изведува во остварувањето на нејзините креативни идеи и планирање.
Александар: Своите први чекори во адвертајзингот јас ги направив како практикант во агенцијата во која и денес работам – и можеби слична приказна за неколку години ќе ви раскаже и некој од членовите на победничкиот тим 😊.Тие ќе имаат можност да поминат низ нашата програма за пракса и на тој начин преку директно искуство да научат многу работи.
Александра: Она што им беше најголем мотив е едномесечната пракса во рамките на I&F системот за сите членови на прворангираниот тим. Тие ќе можат да изберат врз основа на нивните интереси дали сакаат да бидат на пракса во креативна, медиска или дигитална агенција.
Кој е Вашиот совет или препорака за студентите кои влегуваат во светот на адвертајзингот?
Александра: Бидете храбри, ризикувајте и слушајте го својот инстинкт, не одете на сигурнен избор и компромис, бидејќи на тој начин, нема да оставите трага во она што го работите.
Бранко: Да бидете благородни и одговорни е универзална препорака и потсетник за секоја одлука, како и за влегување во светот на адвертајзингот.
Александар: Пробајте. Ако не успеете – тоа не е крајот на светот. И потоа обидете се повторно.
FONklame ги собира водечките експерти за маркетинг кои ги споделуваат своите знаења и искуства со студентите и подобро ги запознаваат со светот на адвертајзингот. Тие им помагаат на студентите да создадат практичен план за развој на кариера и да ги откријат своите потенцијали за развој и работа во маркетинг секторот.