Home » Во фокусот » ..Цветанка Христовска (Tinex)

..Цветанка Христовска (Tinex)

Да се запознаеме со..“ е нова секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања ќе промовираме професионалци кои знаеме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.

Наш денешен гостин е: Цветанка Христовска

Cvetanka Hristovska

Цветанка Христовска

 

Име и презиме: Цветанка Христовска
Компанија:    Тинекс МТ ДООЕЛ Скопје
Работна позиција: Бренд Директор

М365: Кон што е насочено вниманието на Tinex во моментов?

– Вниманието на Тинекс во моментов е насочено кон пласирање најдобра понуда на артикли и услуги во малопродажната мрежа во Македонија. За таа цел се работи со полна пареа на широката палета на производи со врвен квалитет и поволни цени во месарите на Тинекс со цел да станеме препознатлив бренд  кој нуди квалитетно месо. Воедно, преку многу маркетинг алатки промовираме голем број на акции и тематски попусти на целиот асортиман во маркетите, како и во одделите за готови јадења, пиљара и пекара. Како и да е, фокусот е ставен на купувачот кој за нас е најважно да е задоволен во сите аспекти. Во однос на корпоративната филантропија во овој момент од големо значење е новогодишниот караван кој на наше задоволство прерасна во убава традиција па и оваа година ќе израдуваме 1700 деца од социјално ранливи категории со новогодишно пакетче за секое дете да ја почувствува топлината на празничната атмосфера.

М365: Кои се главните цели на Вашата компанија во наредната 2015 година и како планирате да ја прилагодите комуникациската стратегија во реализирање на истите?

– 2014-та беше јубилејна година за Тинекс, прославувајќи 20 години постоење на пазарот. За таа цел во текот на целата година беа организирани голем број кампањи наменети за потрошувачите, снимивме два прекрасни корпоративни спотови и со јавноста ги комунициравме сите големи проекти кои ги остваривме за оваа година. Паралелно продолживме со редовна работа на корпоративната одговорност, донирајќи повеќе од 13 милиони денари во сите области во општеството. За 2015 година планираме да работиме со исто темпо, лансирајќи нови проекти за кои уште од сега се подготвува детална маркетинг стратегија, а она на кое сакаме да ставиме посебен аспект следната година е комуницирањето со јавноста преку социјалните медиуми.

 Колегите можат да Ве контактираат на:

Linkedin: https://mk.linkedin.com/pub/cvetanka-hristovska/8a/5a7/15

FB:            https://www.facebook.com/cvetanka.hristovska.1

Email: cece.hristovska@tinex.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365