battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Дали органското споделување содржини преку FB страните ќе достигне 0% reach ?

Дали органското споделување содржини преку FB страните ќе достигне 0% reach ?

Органскиот reach на содржината на брендовите која се споделува преку Фејсбук страните веројатно ќе достине 0%. Тоа е само прашање на време.

Ова е главниот (страшен) заклучок од студијата на Social@Ogilvy кои набљудувале што се случува со Фејсбук активностите на околу 100-тина брендови.

Во 2012 година Фејсбук ја направи првата рестрикција на органскиот reach, кога споделувањето на FB страните го ограничи на околу 16% од фановите. Во декември 2013, како што веќе пишуваме, се направи нова рунда на “кастрење“ па тие 16% станаа 6% а кај поголемите фан страни (над 500.000 фанови) ричот се ограничи на само 2%.

Неофицијално се повеќе се крчкаат муабети дека комјунити менаџерите треба да се спремаат и за 0% reach во периодот кој претстои.

Погледнете како се движеше FB reach-от во последните 5 месеци:

marketing365 facebook organic reach

Можноста да се создаваат заедници (или communities – веќе ми е одомаќинет зборов) на фанови со кои ќе се оддржува постојан контакт, кои ќе се “храбрат“ да комуницираат со брендот и неговата содржина што се појавува на сечиј News Feed беше главен аспект зошто Фејсбук беше одлично прифатен од маркетерите. Можноста за интеракција со фановите беше и повод многу брендови и корпорации да инвестираат милиони долари во развојот на тие заедници и постојатно да ја хранат истата со нови и нови содржини.

Медиумите пак најдоа одличен канал како своите производи : “вестите“, лесно да ги споделуваат на јавна огромна сцена и така да ја билдаат својата читателска публика која потоа ја изложуваат на повеќе реклами од брендовите.

За сите беше ТОП и сега Фејсбук откако сите “ги навлече“ на тоа….реши од тоа и да монетизира…

Генерално, постојат две клучни причини за ова намалување на бесплатното споделување до читателите. Прво е што и Фејсбук сака да види пари од тоа што го прави (и натаму ќе може да се стигне до фановите ама за тоа ќе треба да се плаќа) а второ е што објективно, Фејсбук стана преголем, со премногу содржина која не може ефикасно да биде дистрибуирана и потоа ефикасно конзумирана од фановите.

Во продолжение погледнете ја презентацијата од истражувањето кое го водеше Marshall Manson од Social@Ogilvy.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365