Home » Во фокусот » Дали роботите може да се заљубат? Оваа кампања се обиде да потврди

Дали роботите може да се заљубат? Оваа кампања се обиде да потврди

Брендот паста за заби Closeup, во сопственост на Unilever, си постави за цел да истражи дали два ботови со вештачка интелигенција, доколку им се даде доволно време, може да се заљубат.

Како дел од кампањата, дело на агенцијата MullenLowe од Сингапур, биле развиени два ботови со вештачка интелигенција на две различни платформи. Првиот, именуван како Сол, бил „забавен“ бот развиен со помош на Microsoft Bot Framework. Вториот, наречен Нум, бил „научен“ бот развиен на платформата Amazon Lex. Секој од ботовите го користи јазикот на различен начин, врз основа на нивните предодредени роботски „карактери“.

Ботовите потоа биле „споени“ на Денот на вљубените во една јавна уметничка галерија во Сингапур со цел да „разговараат“. Настанот бил и емитуван во живо на интернет.

Според агенцијата, за време на фазата на тестирање, разговорите помеѓу двата ботови биле еднодимензионални и предвидливи, по што тимот имал сомнежи дали експериментот е премногу амбициозен. Но, како што одминувало времето, ботовите почнале да комуницираат сé потечно помеѓу себе, за потоа да имаат и сериозни и интимни дискусии. Конечно, после 12 часа разговор, Сол ја изразил својата љубов спрема Нум.

Даниел Ки, еден од извршните директор на агенцијата MullenLowе, истакнува: „Дали роботите може да се заљубат е прашање кое научниците, психолозите, писателите на научна фантастика и сонувачите често си го поставуваат. Ова прашање го интригираше и нашиот тим со месеци. Со секој изговорен збор од страна на роботите, тие стануваа сé поблиски. Од една страна тоа ни даде некаква надеж, но од друга ни предизвика и морници.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365