Home » Во фокусот » Дејвид Бекам зборува кинески во рекламен спот за ресортот Sands во Макао

Дејвид Бекам зборува кинески во рекламен спот за ресортот Sands во Макао

Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам е главниот протагонист во новата реклама „Тоа е вкусот“ за Sands Resorts Macao, создадена од агенцијата Saatchi & Saatchi Greater China.

Во триминутниот спот низ улиците на Макао, легендарниот фудбалер зборува мандарински (официјалниот дијалект на кинескиот јазик) и е придружуван од страна на кинеските ѕвезди Луо Лан, Лам Сует, Лиу Јан, Чао Ту Јун, Киао Шан и Јанг Ди, потсетувајќи се на вкусот на најдобрата мини-пита со јајце (специјалитет во Макао) која ја јадел.

Групата потоа се упатува во потрага по оригиналната мини-пита со јајце и љубезната постара госпоѓа која ја прави.

Рекламата е режирана од страна на Traktor и продуцирана од Stink Films, а директор на фотографија е Николас Каракацанис.

Макао е град со силна култура, нашата амбиција е преку овој краток филм да им помогнеме на Sands Resorts Macao да го прослават уникатниот имиџ на градот,“ изјави Фан Наг, генералниот креативен директор на Saatchi & Saatchi.

Но спотот не помина и без контроверзија. Имено, по неговото објавување, повеќе луѓе на интернет ја критикуваа употребата на мандаринскиот дијалект пред кантонскиот дијалект кој е најшироко распространет во Макао.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365