Home » Digital » Дел од огласувачите ги повлекоа своите реклами од YouTube по обвиненијата за педофилија

Дел од огласувачите ги повлекоа своите реклами од YouTube по обвиненијата за педофилија

Откако е откриено дека педофилите оставаат ужасни коментари, комуницираат и да се договорат во коментарите под видеата со деца, дел од огласувачите ги повлекоа рекламите од YouTube

Пред две години, дел од големите огласувачи почнаа да го бојкотираат огласувањето на YouTube, бидејќи нивните реклами се појавувале покрај проблематична содржина, како што се видео клипови поврзани со тероризмот, говор на омраза и слично. Тимот од Google го промени својот алгоритам и иако проблемот не е целосно решен, ситуацијата сепак се подобри и огласувачите повторно почнаа со поставување реклами на овај видео сервис.

Но, откако еден корисник на YouTube неодамна предупреди на педофилите кои демнат на овај видео сервис, оставајќи ужасни коментари под видеата со (мали) деца и се поврзуваат и комуницираат коментирајќи ги овие видеа, дел од огласувачите повторно одлучија да ја бојкотираат оваа видео платформа на Google. Проблемот, според тоа, не е во самите видеа каде што има деца како си играат, девојчиња кои танцуваат и слично, туку во коментарите под овие видеа кои се преполни со педофилски коментари.

Epic Games, компанијата која стои зад глобалниот феномен Fortnite, Нестле и компанијата Волт Дизни се само некои од огласувачите кои одлучија да го бојкотираат Google додека компанијата не се справи со ситуацијата и го исчисти YouTube од педофилите и овие коментари.

Од Google изјавија дека ги избришале сите сметки и профили на корисници кои оставале вознемирувачки коментари и ги пријавиле на властите. Исто така, ги оневозможиле коментарите за десетици милиони видеа во кои се појавуваат малолетници, избришале илјадници коментари објавени на видеата со млади луѓе и избришале повеќе од 400 канали на YouTube заради коментарите кои се напишани под видеата со деца.

Портпаролката на компанијата Ши Хеа Чо истакна дека имаат јасна политика за она што е забрането на YouTube, но тие се свесни дека секогаш може да се направи повеќе за што побрзо да се идентификуваат и да се избришат непримерните, односно забранети содржини и коментари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365