Home » Во фокусот » Денес стартува седмата Недела на Дизајнот во Скопје – Унгарија земја во фокус

Денес стартува седмата Недела на Дизајнот во Скопје – Унгарија земја во фокус

Унгарија, каде се создадени пенкалото познато како „биро“ (Ласло Биро, 1938), Рубиковата коцка (Емо Рубик, 1975) и Нојмановата архитектура што е основа на сите модерни компјутери (Јанош Нојман, 1945), е земјата во фокусот на годинашното 7. издание на Недела на дизајнот во Скопје (22-26 ноември).

Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век“ е изложба која ќе се одржува во рамките на Неделата на дизајнот во Скопје, со која ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инoватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност.

Генерациите кои пораснаа во Унгарија по промената на политичкиот систем во 1989 се поконкурентни на меѓународниот пазар благодарение на високото ниво на образование, како и на зајакнувањето на екосистемот на креативната индустрија и иновативноста, освојувајќи  простор во сѐ повеќе области, а унгарските пронајдоци, патенти и индустриски дизајни  постигнаа голем успех во целиот свет.

Во Скопје, меѓу другите,  се претставува еден од меѓународно најуспешните дизајнерски продукти Архикад (ARCHICAD) развиен од Графисофт (Graphisoft), архитектонски софтвер што го користат над 100.000 архитект во светот, како и биоархитектонските структури  Калтропе (Calthrope), гарстрономскиoт дизајн на  Апли дизајн (Apli Design) и медицинскитe помагала за инхалација за деца на Ко&Ко дизајнкомјуникејшн (Co&Co Designcommunication).

 „Дизајнерите играат клучна и незаменлива улога за да ги разбереме промените во нашата природна околина и начин на живот, со откривање на процесите што произлегуваат од врските помеѓу технологијата и бизнисот. Тоа е можност за креативните умови и професионалци и одговорност на носителите на одлуки да ги препознаат интересите и потребите на поединците и заедниците. Улогата на дизајнот е да генерира процеси, услуги и ситуации кои можат да донесат одржливи резултати за да го подобрат нашиот животен стандард. Тоа е неопходно глобален процес кој ја допира и Унгарија, и токму тоа се одразува во оваа изложба. Ги претставува извонредните достигнувања на современите унгарски дизајнери, кои не само што даваат одговори на предизвиците на нашето време, туку и покажуваат дека новите генерации дизајнери се добро подготвени да преземат проактивна улога во процесите што ја дефинираат и обликуваат нашата иднина“, вели  професорот Јожеф Филоп, ректор на Универзитетот за арт и дизајн „Мохољи-Наѓи“ и член на Унгарскиот совет за дизајн. На 24 и 26 ноември, на презентациите во Јавна соба своите искуства и иновативни дизајнерски проекти и продукти ќе ги претстават 6 врвни современи дизајнери од Унгарија.

Во чест на Денот на Унгарија, 26 ноември, концерт ќе има унгарскиот бенд „Михаљи Борбељи Балкан џез проект“

Свеченото отворање на седмата недела на дизајнот во Скопје започнува денес, со почеток во 20:00 часот, со перформансот  на српскиот квартет „Артан Лили“ од Белград. Групата што се одликува со препознатлив и заразен ноиз-поп звук, одличен визуелен идентитет и текстови кои се ангажирани, нежни и разбирливи, постои од 2013 и има еден албум.

Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во Јавна соба секој ден од 8:00 до 01:00 часот, а влезот е слободен.

Проектот земја во фокус е во соработка со амбасадата на Унгарија во Скопје.

Повеќе инфо за Унгарија како земја во фокусот на Неделата на дизајн во Скопје 2017:http://www.ministryofpleasure.net/CountryinFocus.html Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365