Home » Во фокусот » Дигиталните платформи некогаш и денес: Weekend Media Festival открива како да се задоволат потребите на читателите на порталите

Дигиталните платформи некогаш и денес: Weekend Media Festival открива како да се задоволат потребите на читателите на порталите

На панелот “Новиот светски поредок: Како да се создаде содржина за дигиталната ера”, претставниците на клучните медиуми ќе разговараат за спецификите на производство и дистрибуција на дигитални содржини

Печатените медиуми некогаш на своите интернет портали објавуваа речиси иста содржина како и во нивните весници. Денес, дигиталните платформи имаат свои сопствени форми и оригинални начини на пренесување на информации и приказните, кои значајно се разликуваат од создавањето содржини за традиционалните медиуми.

Дигиталните медиуми, како средство за информирање и едукација, почнаа внимателно да ја балансираат продукцијата на сопствената содржина, како што се анализите и колумните и брзите вести кои читателите ги очекуваат на порталите. Но, покрај тоа, новинарите и уредниците се соочуваат со предизвикот на кој начин во голема дневна продукција, да ги истакнат квалитетните теми и да ја подигнат нивната читаност, а од друга страна и понатаму да бидат први кои ќе ја објават веста.

Повеќе не е исто ниту уредувањето на насловите на интернет порталите кои што некогаш се уредувале дури неколку пати дневно. Денес корисникот очекува нови информации на насловната страница секој пат кога ќе го посетат порталот. Значи, не е изненадување што трендовите покажуваат значително зголемување на продукцијата на статии, од некогашните десетици на неколку стотици текстови дневно.

Со зголемувањето на продукцијата на содржини, видлив е и порастот на конзумација и задржување на интернет порталите. Во последните десет години, истражувањата на Gemius покажаа дека времето на задржување на дигиталните платформи е зголемено за 50 до 100 проценти на месечно ниво.

На панелот “Нов светски поредок: Како да се создаде содржина за дигиталната ера”, претставниците на клучните медиуми ќе разговараат за спецификите на производство и дистрибуција на дигитални содржини

Најголемиот регионален комуникациски фестивал Weekend Media Festival, оваа година ќе се одржи од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија. Сите меркетери можат да ги пријават своите кампањи на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот ќе бидат претставени на најважните дигитални награди, SoMo Borac.

Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа Фестивал е познат и по своите забави. И оваа година не` очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365