Home » Во фокусот » Дигиталното огласување ќе го надмине традиционалното во САД оваа година

Дигиталното огласување ќе го надмине традиционалното во САД оваа година

Потрошувачката на дигиталното огласување оваа година во САД за прв пат ќе ја надмине потрошувачката во традиционалните медиуми, според последниот извештај на компанијата eMarketer

Потрошувачката на дигитални реклами оваа оваа година во САД ќе се зголеми за 19 отсто на 129,34 милијарди долари, со учество во вкупната потрошувачка од околу 54 отсто, се проценките на eMarketer.

Најголем дел од дигиталното рекламирање ќе има мобилниот сегмент – дури две третини, односно околу 87,06 милијарди долари, покажува извештајот.

“Поради постојаното пренасочување на вниманието на потрошувачите на дигиталните платформи, огласувачите се најдоа на крстопат – тие се принудени да се фокусираат кон дигиталните медиуми со цел постепено да ги зголемат опсегот и приходите“, вели извршниот директор на компанијата Моника Парт.

Така, трошењето на ТВ реклами оваа година би требало да се намали за 2,2 отсто, на 70,83 милијарди долари, со оглед дека на календарот нема избори, ниту некои поголеми настани, како што се Олимписки игри или светски првенства, проценуваат од eMarketer.

Претседателските избори во САД во 2020 година, најверојатно, ќе доведат до раст на ТВ-рекламирањето, но потоа ќе продолжи трендот на опаѓање, велат оттаму.

Рекламирањето во печатените медиуми повторно ќе забележи силен пад оваа година за дополнителни 17,8 отсто.

Во eMarketer, исто така, проценуваат дека уделот на пазарот на дуополот Гугл и Фејсбук оваа година за прв пат ќе се намали на 59,3 отсто, од минатогодишните 60 отсто. Главната причина ќе биде Гугл, чиј удел на пазарот би требало да се намали за еден процентен поен, на 37,2 проценти.

Уделот на Фејсбук пак, би требало незначително да се зголеми на 22,1 отсто.

Најмногу би требало да се зголеми пазарниот удел на Амазон, за два процентни поени, на 8,8 отсто, со што компанијата ќе се зацврсти на третата позиција на пазарот, пред конкурентите Microsoft и Verizon, сопственици на брендови, Yahoo и AOL.

“Амазон им нуди на огласувачите голема предност, особено во сегментот на спакувани производи за широка потрошувачка и брендови создадени во дигитален контакт со потрошувачите”, вели Парт.

“Оваа платформа нуди вистинско богатство на податоци за однесувањето на купувачите за потребите за таргетирање на одредени групи на потрошувачи, обезбедувајќи пристап до податоци за купување во реално време … така што огласувачите имаат пристап до полиците од кои потрошувачите купуваат”, додава таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365