На последниот, завршен ден на Direct Media Академија која ќе се одржи од 28 до 30 мај, ќе присуствува силен тим на предавачи, меѓу кои и славниот уметник Драган Бјелогрлиќ.
“Дали Србија е подготвена за интернет-платформите” е тема на специјалниот разговор со популарниот Бела на сцената на Madlenianum, а во рамките на фестивалскиот ден на Академијата на 30-ти мај.
Од овој реномиран уметник кој се проба на двете страни на камерата, но и во брзаците на продуцентските води – публиката ќе има можност да слушнат каде е Србија на мапата на светската продукција и иновациите во областа на филмската уметност. Бјелогрлиќ ќе ни даде одговори на прашањата какви се нашите гледачи – што бараат, на што се навикнати и што очекуваат од новите проекти. Кои се потребните елементи за успех на филмските проекти во Србија и каков вид на содржина има најголеми шанси за да ја задоволи помалку комплицираната, но лојална регионална публика – ова се само некои од прашањата кои ќе ги отвори Бјелогрлиќ.
Новата ера на комуникација, која е тема на тридневната обука организирана од DIRECT MEDIA United Solutions, со своите предавања ќе се обидат да ја приближат и другите говорници на предавањата.
Познатиот маркетинг експерт од Израел, Равид Куперберг од агенцијата Mindscapes, ќе одржи специјална работилница која ќе понуди конкретни и моќни алатки за откривање на образците на иновативното и креативното размислување. Равид ќе биде предавач и на Фестивалскиот ден каде што ќе зборува за поимот „StoryTeching“ односно за употребата на технологијата во марктинг.
Во агендата на Фестивалскиот ден е и Срѓан Џурџевиќ, R&D директор на United Group, кој ќе ја запознае публиката со светот на иновациите поврзани со новата ера на телевизијата и преку конкретни примери ќе ги прикаже промените во навиките на гледачите.
Владимир Вулиќ, соосновач на Digitalizuj.Me и програмски директор на конференцијата Spark.me ќе претстави нови нов модел на дигитално трансформирана компанија и менаџмент.
Бидејќи оваа година се слави 500 години од смртта на големиот визионер Леонардо да Винчи, темата и програмата на Direct Media Академија се инспирирани од неговите принципи на отвореност, универзалност и поврзаност во ерата која ја обележа.
Преку предавања и интерактивни работилници, учесниците на академијата преку два модула ќе научат конкретни алатки и стратегии за успешно комуницирање во новата ера:
Модулот “Нов свет на медиумите” одговара на прашањата за иднината на телевизијата, дигиталот, социјалните мрежи, улогата на податоците во комуницирањето.
Модулот “Нов брендинг – Хокус покус” претставува нов концепт на брендинг и им обезбедува на учесниците рамка и алатки за транзиција во иновативни стратегии за брендирање.
Оваа богата програма на DMA 2019 е внимателно креирана за сите професионалци со отворен ум кои знаат дека учењето е континуиран процес. Тоа е токму филозофијата која е проткаена низ мисијата и визијата на секоја Direct Media Академија од 2012 година, кога е основана.
Средствата од продажбата на котизациите на Direct Media Академија ќе бидат употребени за хуманитарни цели и оваа година.
Обезбедете котизации на време!