Home » Во фокусот » Дизајнот на хрватското маслиново масло Chiavalon меѓу најдобрите во светот

Дизајнот на хрватското маслиново масло Chiavalon меѓу најдобрите во светот

Порталот Packaging of the World го стави дизајнот на пакувањето на маслиновото масло Chiavalon, дело на агенцијата Bruketa&Žinić&Gray, меѓу најдобро дизајнирани амбалажи на годината

Во изминатите десет години од своето постоење Packaging od the World прерасна во еден од водечките светски блогови посветени на дизајнот на пакувањата, а проектите кои ги објавуваат месечно ги прегледуваат околу милион читатели.

“Нашата фамилија сакаше поинтензивно да го комуницира потеклото на своите маслинови масла и спојот на традицијата, современата технологија и уметноста на своето производство”, изјави Tedi Chiavalon. “Специјалното издание на пакувањата за маслиновото масло Chiavalon е инспирирано од традиционалната архитектура и уметност во Истра, филмот, музиката и муралите, комбинирајќи го историското и современото наследство”.

Освен тоа, Chiavalon е единственото маслиново масло на светот и единствениот проект од регионот награден на натпреварувањето WorldStar. Се работи за натпреварување кое постои од 1970 година и е организиранo од Светската организација за пакување, основана во 1968 година во Токио. Овој пат на натпреварот учествуваа 35 земји, а меѓу наградените се Coca-Cola, Pepsi, Sony, LG, Dove и Tetra Pak.

Амбалажата на Chiavalon има добено пет награди, а три на меѓународно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365