Home » Во фокусот » Доделени уште неколку Grand Prix награди на вториот ден од Cannes Lions

Доделени уште неколку Grand Prix награди на вториот ден од Cannes Lions

Вториот ден од 65-то издание на Интернационалниот фестивал за креативност Cannes Lions заврши со црвен тепих и доделување на нови награди. Целодневната програма обедини голем број на говорници и гости кои разменуваа пионерски идеи за културата, општеството и технологијата.

Разноликоста и инклузивноста беа дискутирани на сесија со Тенди Њутон и Едварт Енинфул, организирана од страна на HP и Omnicom Group, подвлекувајќи дека разновидноста во бизнисот е императив кој бара смелост. FleishmanHillard ги здружи претседателот на Huawei и генералниот маркетинг директор на Alibaba да разговараат за кинеската креативност.

На вечерната наградна церемонија беа доделени наградите за категориите Design Lions, Mobile Lions, Outdoor Lions, Print & Publishing Lions и Radio & Audio Lions, дел од т.н. „Креативна патека“ – група на награди посветени на големите креативни идеи и остварувањето на креативните кампањи преку силата на луѓето, партнерствата и процесите.

Во категоријата Design Lions биле пријавени 1,248 кампањи, од кои 70 добија награди: 7 златни, 25 сребрени и 37 бронзени. Grand Prix наградата ја доби кампањата “Trash Isles” од AMVBBDO Лондон за огласувачите Plastic Oceans и Ladbible од Обединетото Кралство.

Во Mobile Lions се пријавиле 911 кампањи, а беа доделни 43 награди: 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени. Grand Prix наградата беше додлена за кампањата “Corruption Detector” на Grey Brazil за Reclame Aqui.

Во Print & Publishing Lions категоријата се пријавиле 1,440 кампањи, при што 49 беа наградени со 7 златни, 20 сребрени и 21 бронзени „лавови“. Добитникот на Grand Prix наградата беше кампањата “Tagwords” на агенцијата Africa од Бразил за огласувачот Ab Inbev.

„Grand Prix наградата беше доделена на принт реклама која беше чиста – немаши ништо вишок. Изгледаше совршено и сепак интригантно. Го покажува патот напред во принт секцијата – демонстрирајќи микс на медиуми кои можат да коегзистираат заедно за да претстават помоќни пораки,“ изјави претседателот на жирито Кејт Станерс, глобален генерален креативен директор на Saatchi & Saatchi.

Во категоријата Outdoor Lions биле пријавени вкупно 2,628 кампањи, од кои 91 добија награди – 15 златни, 29 сребрени и 45 бронзени, при што беа доделени и две Grand Prix награди за кампањите: “Next Exit, Just Missed Us, On Your Left, On Your Right” на Cossette Toronto за McDonald’s Canada; и “The Daily Show Presents: The Donald J. Trump Presidential Twitter Library” на 23 Stories X Conde Nast New York за Comedy Central.

Во категоријата Radio & Audio Lions се натпреваруваа вкупно 1,111 кампањи, при што 55 од нив беа наградени со 7 златни, 22 сребрени и 25 бронзени награди, како и Grand Prix наградата за кампањата “Soccer Song for Change” на Ogilvy Cape Town за Ab-Inbev Africa од Јужна Африка.

„Наградената Grand Prix кампања е песна која навистина може да направи промена и да има влијание врз светот“, изјави претседателот на жирито Џо МекКрости, креативен директор на Global.

Наградите во преостанатите две категории од „Комуникациската патека“ – Film и Titanium, ќе бидат доделени на 22 јуни, заедно со наградите во категориите Creative Effectiveness, Sustainable Development Goals Lions и Glass: Lion for Change.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365