Home » Во фокусот » Dolce&Gabbana на удар на жестоки критики во Кина поради навредлива кампања

Dolce&Gabbana на удар на жестоки критики во Кина поради навредлива кампања

Кинезите го бојкотираат брендот Dolce&Gabbana заради реклама во која се банализира кинеската култура

Производите од модниот бренд Dolce&Gabbana се повлечени од кинеските сајтови за онлајн трговија по бурните реакции против рекламата која ја лансираше оваа модна куќа.

Револтот на Кинезите го предизвика рекламата која покажува кинескиња која се обидува да јаде италијанска храна, како паста и пица со стапчиња, бидејќи како што велат, на тој начин се тривијализира кинеската култура и поттикнува негативни стереотипи за овај надод.

Ова отиде толку далеку што кинеските јавни личности повикаа на бојкот на овој бренд.

Кризата особено се продлабочи кога пораките на социјалните мрежи, во кои, наводно, коосновачот на брендот Стефано Габана го навреди кинескиот народ, станаа вирални. Компанијата веднаш се извини и најави дека се напишани од хакери кои го превземале профилот.

Бојкот на овој бренд во Кина може да предизвика голема штета на познатата модна компанија, бидејќи Кина е огромен пазар, кој може да им донесе голем профит. А поради целиот скандал, Dolce & Gabbana ја откажа својата голема модна ревија во Шангај.

Коосновачите на компанијата, Доменико Долче и Стефано Габана, дури и го објавија своето извинување минатиот петок, кое можете да го погледнете подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365