battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Dom Pérignon и одличната «Product Placement» стратегија

Dom Pérignon и одличната «Product Placement» стратегија

Во една од претходните статии ја отворивме темата за моќната маркетинг алатка Product Placement кој што го има во три вида: визуелен(visual), интерактивен (interactive)и изговорен (spoken).

Во денешниот случај се фокусиравме исклучиво на изговорен Product Placement и неговата добро разработена стратегија во примерот кој што ќе го видиме подолу.

Имено, како што најавивме станува збор за познатиот француски луксузен шампањ Dom Pérignon (чиј таргет група се ‘’луксузната женска популација’’) и неговото вметнување во видеото Toca Toca од Fly Project.

При самиот старт на видеото имаме можност да слушнеме како пеачот го изговара името Dom Pérignon но името на брендот е многу добро вметнато во самите стихови на песната. Потоа при продолжение на песната ќе го слушнеме исто зборот Шампањ.

Да го погледнеме најпрвин видеото па потоа ќе се навратиме на неговата Product Placement стратегија:

 

Првата стратегија на Dom Pérignon  и овој Spoken Product Placement е секако приближување до потрошувачите. Но изговарањето на зборот Шампањ ја изразува неговата «Product class».  Идејата на вметнување на категоријата во која припаѓа овој производ бренд е да се зацврсти неговата brand awareness во широчина и длабочина (breadth and depth awareness).  Со ова дирекно се зацврстува brand recognition (препознатливоста) и top of mind awareness (кога ќе помислат на шампањ, ќе помислат на Dom Pérignon).

Повеќе информации за овој луксузен шампањ, можеме да најдеме во книгата ‘’I’m drinking stars : The History of Champagne- Steidl’’ каде што можеме да видиме како овој Шампањ патувал низ сите епохи во Франција.

Cheers !

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365