Home » Во фокусот » Доналд Трамп вложил 43 милиони долари во кампањата досега

Доналд Трамп вложил 43 милиони долари во кампањата досега

Donald Trump

Трката за нов Претседател на најмоќната држава во светот е во полн ек. На кампањите работат десетици консултанти за политички маркетинг, а кесето за реклами е одамна широко одврзано. Најновиот финансиски извештај открива дека Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп во својата предизборна кампања досега вложил повеќе од 43 милиони долари. Тој во април вложил повеќе од 7,5 милиони долари сопствени пари во својата претседателска кампања.

Трамп, кој порази 16 свои републикански соперници, повеќето од парите ги вложил од сопствениот џеб.

Тој сепак говореше и за донации од околу 1,7 милиони долари минатиот месец. Тие средства се собрани претежно со купување на неговите предизборни сувенири, вклучувајќи црвени капи со написот „Да ја направиме Америка повторно голема“ и преку онлајн донации на сајтот за неговата предизборна кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365