Home » Во фокусот » Досег до публиката на кампањите на ТВ и дигиталните канали

Досег до публиката на кампањите на ТВ и дигиталните канали

Додека огласувачите низ светот повикуваат на поголема транспарентност во рекламирањето, независните мерења на различните платформи обезбедуваат подлабоко разбирање на ефикасноста на кампањите

Извор: Нилсен

Во време кога брендовите се обидуваат поефикасно да се поврзат со корисниците, разбирањето на влијанието на кампањите на широк спектар на канали, од телевизијата до дигиталните платформи, станува сè повеќе важно кога се размислува за инвестирање во огласување на било која платформа.

Преку својата услуга Total Ad Ratings, која обезбедува независно мерење на публиката на рекламните кампањи на сите платформи, Нилсен спроведе анализа на тоа како големите светски брендови ги распоредуваат своите медиски инвестиции за да стигнат до потрошувачите.

Телевизијата сеуште е главна движечка сила кога станува збор за досегот до публиката на рекламните кампањи на повеќе платформи, при што просечниот број на импресии од телевизијата е скоро 8 пати поголем од импресиите на дигиталните кампањи кои се фокусирани на демографската категорија од 18 до 49 години.

Интересно, Нилсен исто така открива дека дигиталните реклами доведоа до зголемување од 16% во вкупниот досег на кампањите наменети за лица на возраст од 18 до 49 години.

Паметните телевизори исто така ја зголемуваат ефикасноста на кампањите. Во посебна студија, Нилсен открива дека паметните телевизори го зголемиле досегот за 3% кај публиката на возраст од 18 до 49.

Кога се користат во тандем, ТВ и дигиталните канали имаат потенцијал да испорачаат одлични перформанси за брендовите. Нилсен покажа дека кампањите на повеќе платформи, во кои рекламите се прикажуваат и на телевизија и на дигитални уреди, достигнуваат до 59% од публиката на возраст од 18 до 34 години. Во рамките на оваа демографска група, 12% од публиката беше достигната исклучиво со дигиталната компонента на кампањата. За споредба, во рамките на демографската група 35-49, само 5% од публиката беше изложена исклучиво на дигиталниот аспект на кампањата.

Во време кога огласувачите од целиот свет бараат поголема транспарентност во рекламирањето, независните мерења на повеќе платформи нудат подлабоко разбирање на ефикасноста на кампањите, како и вистинската поединечна вредност која секоја од овие платформи ја обезбедува во однос на досегот до целната публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365