Откако пред една година за прв пат се здружија за да се борат против негативните твитови, Dove и Twitter сега одат еден чекор повеќе во нивното истражување како социјалните медиуми влијаат врз самодовербата.
Тимот лансираше нова фаза во нивната #SpeakBeautiful кампања со алатка која ги издвојува зборовите поврзани со физичкиот излед на луѓето кои тие најмногу ги користат и кога употребата на негативни коментари е највисока во текот на денот.
“Сакаме да ја повикаме една од најчуствителните дигителни и социјално свесни публики да ни се придружи во конверзацијата” рече Џенифер Бремнер, директор за маркетинг во Dove. “Телесното засрамување за жал стана нормална појава во денешните онлајн интеракции, но понекогаш ние не ја сфаќаме улогата која ја играме во тие конверзации.”
Еве како работи: Луѓето најпрвит ре-твитаат пост на Твитер профилот на Dove со хаштагот #SpeakBeautiful. Dove потоа автоматски одговара на ре-твитот со линк од лично прилагоден микро-сајт. Микро-сајтот прикажува персонализирани Твитер податоци во графикон кој покажува споредба помеѓу сопствените негативни твитови со оние на другите жени.
Women everywhere are learning about their #SpeakBeautiful Effect. RT this Tweet to get your custom Twitter analysis! pic.twitter.com/CbeiyJGHai
— Dove (@Dove) March 12, 2016
Според сопствените истражувања на брендот, 80 проценти од жените добиле негативни коментари на социјалните медиуми, од кои 72 проценти тврдат дека добиваат вакви критики неделно.
Погледнете ги сликите подолу како пример на социјалните статистики кои Dove сака да ги нагласи.