battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Драматична реклама: Не користете мобилен додека возите…

Драматична реклама: Не користете мобилен додека возите…

Потресната реклама која има за цел да ги поттикне возачите да возат внимателно, моментално врти на американските телевизии.

 Пишувањето и читањето пораки за време на возењето го практикуваат многу возачи. Со отстранување на тие навики би можеле да се спречат многу несреќи. Националната сообраќајна администрација во САД поради тоа објавила видео од 30 секунди, кое драматично илустрира што може да се случи доколку пишувате СМС додека возите, пишува Mashable.

Во видеото се гледа како неколку млади лица се возат во автомобил, а девојката која вози пишува СМС порака. Минува покрај знак СТОП, и не го запира возилото. Во тој момент на автомобилот налетува камион. На крајот на видеото полицаецот вели дека никој не сака кога го запира полиција. Но, доколку ја сопрел оваа млада дама и и’ напишал казна, веројатно ќе и го спасел животот.

 

Извор: Точка

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365