battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Душан Дракалски меѓу 30-те најдобри креативни директори во светот !

Душан Дракалски меѓу 30-те најдобри креативни директори во светот !

Во новата 2014 година, Душан Дракалски, креативниот директор на Њу Момент, влегува како дел од ТОП 30-те креативни директори во светот според интернационалниот ранкинг PIAFYS за “сезоната“ 2013/2014.

Душан Дракалски - Њу Момент

Душан Дракалски – Њу Момент

PIAFS интернационалниот ранкинг на креативни директори ги рефлектира постигнувањата на најдобрите светски адвертајзинг фестивали. Топ фестивалите се поделени во три категории и секоја освоена награда на некој од нив носи определен број на поени.

Заклучно со 2 Јануари 2014 год., за PIAFS 2013/2014 ранкингот, во обзир се земени постигнувањата на следниве фестивали: Cresta Awards, Eurobest, Europe Cristal, Epica, Golden Drum, LIAA, Loerie, MIAF, Spikes Asia.

Со вкупно обезбедени 15300 поени, Дракалски, во новата 2014 година влегува рангиран на 30-тото место во светот, рамо до рамо со најдобрите креативни директори од најголемите светски адвертајзинг агенции.

Приматот бр.1 креативен директор во светот го завзема Mescall John, креативниот директор на МекКен Австралија следен од неговиот колега Baron Pat кој е второпласиран.

Од регионот, најдобро котира креативната екипа на Saatchi&Saatchi Белград, составена од Вељко Голубовиќ, Драгана Петковиќ и Жарко Вељковиќ кои заедно го делат 12-тото место.

Целиот ранкинг може да се види на овој ЛИНК.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365