Home » Во фокусот » Еден на Еден ќе работи интернационална кампања за Digital Finance International

Еден на Еден ќе работи интернационална кампања за Digital Finance International

Една од најголемите финансиски групации одбра македонска маркетинг агенција за реализација на својата наредна кампања.

Македонски креативи на билборди, автобуси, во кино сали, магазини, трговски центри и секако, на радио и телевизија ќе се гледаат во Русија, Индија, Малезија, Индонезија, Филипините и Виетнам, а таму својот “печат“ ќе го стави маркетинг агенцијата од Скопје “Еден на Еден“.

Имаме големо искуство во соработка со разни маркетинг агенции од секој дел на светот, а за ова ни требаше навистина квалитетен и сигурен партнер. Одлуката падна токму на “Еден на Еден” зошто низ низа разни предизвици се покажаа како исклучително зрела компанија, способна да се носи со големи нешта.” – велат од маркетинг департманот на Digital Finance International.

А соработката не е нова. “Еден на Еден“ се грижи за Forza брендовите на балканскиот регион и чекор по чекор, се стекнаа со довербата да ја работат оваа мега кампања која не ја опфаќа само Forza, туку и повеќе други сестрински брендови од истата финансиска групација.

За кампањата силите ги здружија со Fx3x кои ја работеа анимацијата и Eye Cue кои ја напишаа музиката, со што се доби производ од комплетно македонска продукција и креатива за некои од најголемите светски пазари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365