Home » Во фокусот » Едно од најоригиналните спонзорства: видливо е само доколку се испотите

Едно од најоригиналните спонзорства: видливо е само доколку се испотите

The Sweat Sponsorship сака своите бренд амбасадори да се потрудат малку повеќе од вообичаеното

Спортските спонзорства се едни од оние области кои имаат потенцијал навистина да ги инспирираат брендовите, но поради својата ширина, тука можат да се најдат промашувања исто колку и погодоци. Овој пат, наидовме на дефинитивен погодок, брендот OMO Sports во Бразил.

Ова е веројатно едно од најоригиналните спортски спонзорства што сме ги виделе во последно време, а неговиот најдобар дел е начинот на кој целата кампања е поврзана со брендот. Omo Sports е еден од водечките брендови во секторот на средства за перење алишта во Бразил, а кои сакаа да го зајакнат својот имиџ во спортската заедница. За таа цел, направија специјални дресови за клубот Коринтијанс од Сао Паоло.

На почетокот на натпреварот, дресовите на тимот се обични и бели, но како што натпреварот станува повозбудлив, така и спонзорството станува се повеќе видливо. Со секоја капка пот и секој нов напор на играчите, логото на брендот на дресовите станува појасно.

Резултатите за брендот беа импресивни. Веднаш по натпреварот веќе имале 120 милиони импресии, со публика од 18 милиони луѓе на телевизија и 30.000 луѓе на самиот стадион, а во деновите потоа, целата приказна ја презедоа и медиумите во светот.

Целата кампања го позиционира брендот Omo Sports како најдобра опција за перење облека натопена со пот, благодарение на нивната нова ексклузивна формула, но, и малку специјална боја која беше искористена на дресовите на играчите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365