Home » Во фокусот » Ellesse ја лансираше својата прва бренд кампања

Ellesse ја лансираше својата прва бренд кампања

Ellesse во оваа шарена, весела кампања работеше со креативната агенција Pentland

Италијански бренд за спортска облека Ellesse ја претстави својата прва бренд кампања со инфлуенсери, како што е раперката Ms Banks и актерката Jessica Barden.

Ellesse избра група на таленти од светот на музиката, филмот и телевизијата, но и од скејтер и паркур заедницата, како ѕвезди на кампањата. Таланти, како што се уметникот Kojo Funds и скејт-моделот Elliott Jay Brown облекоа за кампањата модни парчиња од новата колекција, кои ги комбинираа со сопствени акцесоари и додатоци.

Ellesse работеше со креативната агенција Pentland за да произведе кампања со светли, шарени визуелни елементи, со порака “My Style Is Who I Am“.

“Во ерата на социјалните медиуми, важно е да се запамети дека стилот не мора нужно да биде исклучив начин на кој лицето изгледа и како се облекува, туку може да се однесува и на стилот во кој го работи она што го сака”, вели Sara Thabet, виш бренд менаџер на Ellesse.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365