Home » Во фокусот » еМагазин прославува 2 години постоење!

еМагазин прославува 2 години постоење!

еМагазин еден од најдобрите македонски интернет медиуми денеска прославува 2 години постоење во македонскиот интернет етер.

Составен од тим на професионални новинари и претходно познати на јавноста како повеќекратни добитници на различни стручни признанија, кога пред две години стартуваше беше вистинско освежување како прв македонски електронски магазин кој во континуитет третира не-секојдневни теми секогаш во прв ред ставајќи ја нивната релевантност пред нивната “кликабилна-атрактивност“.

2 godini emagazin

Почнавме со силна волја и желба да го работиме она што најдобро го знаеме. Според наши стандарди кои сме ги учеле низ годините искуство во различни редакции опкружени со професионалци, поминувајќи ги сите скалила на професијата.Да се оствари оваа мисија, не беше лесна задача имајќи предвид што поимот новинарство скроз го смени своето значење и доби партиско-штабски-центарско-комуникациски димензии.

Но, застанавме во одбрана на еснафот и решивме да се бориме наспроти сите пречки кои ги имавме на патот, и за кои бевме свесни дека допрва не чекаат. Ако мислиш дека ќе успееш или мислиш дека нема, веројатно и во двата случаи си во право.

Но ние тргнавме со првата помисла, иако околностите беа во прилог на втората. Влеговме во ринг со многу сајтови кои иако во старт беа нелојална конкуренција, беа сериозна закана за нашето парче леб за кое се боревме.Ние сакавме да бидеме се она што тие не се. Да привлекуваме читатели со квалитетни и издржани текстови, базирани на факти, проверка на податоци, изјави од релевантни соговорници, анализи.“ – велат од еМагазин кога го коментираат својот досегашен две-годишен пат.

Честит роденден пријатели !

Да Ви се множат годините, статиите, читателите….и секако банерите !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365