Home » Digital » Email Hunter – Со една алатка до сите емаил адреси !

Email Hunter – Со една алатка до сите емаил адреси !

Маркетинг алатка на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со корисните алатки кои можат да ги користат во делот на маркетингот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Замислете времето кое секојдневно го минувате барајќи информации за контакт да биде сведено на само неколку секунди. Имено, новата апликација Email Hunter ви овозможува директен пристап до сите е-маил адреси на интернет мрежата во светот.

Email Hunter апликацијата е супередноставна за користење со 3 различни опции за пребарување на е-маил адресите:

         1.Пребарување по домени – ги пронаоѓа сите е-маил адреси кои го користат домен.

На пример, имате потреба да стапите во контакт со компанијата Македонски Телеком за да им ја понудите вашата нова услуга. Потребна ви е информација за контакт. Се што треба да направите е да го впишете доменот кој го користи компанијата во полето за пребарување, во овој случај тоа е telekom.mk.

email hunter 1

За неколку секунди ќе добиете листа на е-маил адресите кои го користат тој домен, во овој случај апликацијата пронајде 65 е-маил адреси, преку кои ќе може да стапите во контакт со компанијата или одреден сектор од компанијата и да ги понудите вашите нови услуги.

email hunter 2

  1. Генерирање на е-маил – го нагаѓа е-маилот на одредена личност врз база на негото име, презиме или домен.
  2. Проверка на е-маил – проверува дали одредена е-маил адреса е пронајдена во базата на апликацијата.

Покрај овие три основни опции, апликацијата ви овозможува и опција за филтрирање на добиените резултати со што листата ќе биде составена само од личните е-маил адреси кои ќе ги пронајде.

Едноставна за користење, со брзина на пребарување од околу 150,000,000+ записи во само неколку секунди. Email Hunter е апликација која би му користела секому, а најдобрата вест е што има бесплатна верзија на апликацијата.

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365