battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Email маркетингот победи – повторно !

Email маркетингот победи – повторно !

Во новото истражување, спроведено од Lyris и Economist Intelligence Unit , уште еднаш се потврди фактот дека иако ние маркетерите уживаме да пишуваме блог постови, да се “занимаваме“ со социјални медиуми и мобилни трендови….стариот добар “email маркетинг“  сеуште rules…или на нашки “е закон“ кога станува збор за канал кој влијае на продажбата !

Email маркетингот е толку добар што на листата на канали кои потрошувачите ги преферираат го ставиле и подобар од личните препораки…(дали можеби тоа нешто зборува за денешните пријателства? Можеби не.)

email маркетинг - маркетинг365

 

Друго интересно што можеме да согледаме од истражувањето е моментот кога мнозинството потрошувачи велат дека: “кога поминуваме време online за да купиме нешто највеќе време трошиме на компарација на цената и карактеристиките “ и дека “преферираме производот да го купиме online од самиот произведувач, не преку посредници“, од друга страна пак кога сакаме да прочитаме некаква рецензија за производот: “подобар кредибилитет имаат “надворешни“ сајтови“

За креативците ставот “цени и карактеристики“ можеби изгледа досадно….ама за зафатен човек кој оди да купи нешто online е предефириран пред муабетот за брендот и се друго.

Друго интересно:

– Потрошувачите генерално ги сакаат социјалните медиуми за промоции (62%) , но преферираат изворно да учат за производите од компаниските веб сајтови (51%).

– Дури и младата генерација (20-30 год.) e-mail-от (19%) го ставаат пред социјалните медиуми (5%) како канал со кој посакуваат интеракција со производите

Еве зирнете го инфографикот подолу за нешто плус:

EIU_infographic_061113

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365