Home » Digital » EmbedSocial лансираат нова платформа за Instagram “Stories”

EmbedSocial лансираат нова платформа за Instagram “Stories”

Да расчистиме уште на почеток. Instagram почнува да владее во светот на друштвените мрежи.

Како дел од Facebook, ни се чини дека водечката позиција наменски му е препуштена на Instagram каде брендовите се’ повеќе се преселуваат со цел да го задржат или зголемат органскиот обсег кој веќе е во пад на Фејсбук.

Со преку 300 милиони корисници на Instagram Stories, Story како нов формат за storytelling e еден од омилените формати за конзумирање на содржина од мобилен уред. Како доказ е и интересот на Google и објавата на AMP stories, кои ќе се појавуваат директно во резултатите од пребарувањата на Google.

EmbedSocial е платформа која работи на подобрување на довербата на веб сајтовите и им помога на компаниите да ги интегрираат нивните профили од социјалните мрежи, со цел автоматски да прикажат доказ од кориснички генерираните соджини за нивниот кредибилитет.  Па така, визуелното прикажување на слики и рецензии од корисниците на вашиот вебсајт е потврдено дека резултира во зголемена продажба.

Таков пример е компанијата Trova Trip, клиент на EmbedSocial, кои имаат направено повраток на инвестицијата во платформата за 62 пати, зголемувајќи ја стапката на конверзија на нивниот вебсајт за 12%.

Ваквите успешни приказни и постојаните барања од корисниците им даваат голем мотив за постојан развој и унапредување на платформата.

Па така, денес официјално е достапна првата платформа за Instagram stories, EmbedStories.

Лансирањето на оваа платформа можете да го поддржете и на ProductHunt.
https://www.producthunt.com/posts/embedstories

Ако сте заинтересирани веднаш да ја испробате, кликнете овде за да се регистрирате за бесплатната верзија на EmbedStories.

Според Никола Бојков, CEO на EmbedSocial ова е првата платформа во светски рамки за менаџирање на Stories.

“Секогаш кога работиме на нови верзии на платформата, најголем приоритет се дава на барањата на корисниците. Но овој пат, EmbedStories е резултат на нашата превозбуденост за овој нов формат на комуникација и за големиот потенцијал што им се нуди на дигиталните агенции секојдневно да  раскажуваат приказни за брендовите што се автентични и блиски до корисниците што ги следат на Instagram. “

Платформата е работена секојдневно со многу труд, близок разговор со корисници, анализа и секако следење на трендовите. Во овој контекст на имплементација на трендовите при развој на нов продукт, кај нас многу влијаеше веста од Google за AMP Stories и нивниот обид да иновираат во Google Search резултатите со нов формат кој дефинитивно ќе го привлече вниманието на големите контент продукции.

Па така, можам јавно да објавам дека во EmbedStories веќе е понудена опција за конвертирање на Instagram stories во AMP Story формат.

На овој начин ќе можете автоматски да ги искористите вашите Instagram stories во формат кој ќе биде прифатен и прикажан и во Google како AMP Story.

Имаме среќа, што успеaвме органски да привлечеме корисници кои веднаш добиваат корист од нашата платформа. Добиваме позитивен feedback секој ден од нив и нови идеи како да ја подобриме платформата.

EmbedSocial е македонски стартап, кој е еден од првите стартапи подржан со инвестиција и одликуван со Сертификат за Извонредност од страна на ФИТР. Како дел од платформата се производите EmbedAlbum, EmbedReviews, EmbedFeed и EmbedStories.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365