Home » Во фокусот » Етихад Ервејс, националната авио-компанија на Обединети Арапски Емирати наградена за најдобар однос со корисниците на социјалните мрежи

Етихад Ервејс, националната авио-компанија на Обединети Арапски Емирати наградена за најдобар однос со корисниците на социјалните мрежи

Абу Даби – Етихад Ервејс, националната авио-компанија на Обединетите Арапски Емирати, прогласена е за најдобра авио компанија во категоријата „однос со корисниците на социјалните медиуми“ на доделувањето на Simpliflying наградите за 2018 година. Авио-компанијата доби пофалби и во категоријата “најдобра употреба на инфлуенсери“.

Наградите оддаваат признание за извонредност и иноваци на социјалните мрежи и маркетинг кампањите во воздухопловната индустрија. Победниците беа објавени на специјалната церемонија во Лондон за време на Фестивалот на авијацијата – водечки светски конгрес и саем на работењето и технологијата во авио-индустријата.

Експертите од воздухопловната индустрија и маркетинг ја избраа Етихад Ервејс, препознавајќи извонредна работа во областа на дигиталниот маркетинг, социјалните медиуми и грижа за клиентите преку интернет.

Потпретседателот за маркетинг во Етихад Ервејс, Тим Барнел по тој повод изјави: “Освојувањето на оваа важна награда е потврда за нашата постојана посветеност за подобра грижа на корисниците, преку сите медиумски канали. Знаеме дека нашите гости го ценат тоа што брзо, со емпатија и посветеноста ги решаваме нивните барања. А во време кога се` повеќе машини управуваат во комуникацијата со корисниците, продолжуваме во овој процес да донесеме чувство на вистински и човечки контакт, затоа што тоа е суштински дел од нашата филозофија. Ова го гледаме преку високите оценки за задоволство што ги добиваме. Со оглед дека социјалните медиуми стануваат се повеќе важна компонента на патувањето на корисниците, ние ќе продолжиме со иновации и со прифаќање на нови технологии во настојувањето грижата за корисници на социјалните медиуми да ја направиме полесна и попријатна. “

Етихад Ервејс има најдобро просечно време во авио- индустријата за одговор на прашањата од корисниците на социјалните мрежи, како и висока стапка на задоволство на клиентите.

Тимот за грижа на корисници на Етихад Ервејс на социјалните медиуми одговара на прашањата на корисниците 24 часа дневно на повеќе јазици преку различни канали на социјалните мрежи. Етихад Ервејс од неодамна е првата авио-компанија на Блискиот Исток, која нуди поддршка на корисниците и преку мобилната апликација WhatsApp.

Основачот и извршен директор на SimpliFlying, Шашанк Нигам по овој повод изјави: “Во ерата на социјалните медиуми, грижата за корисниците го претставува брендот. Охрабрувачки е да се види дека Етихад Ервејс ги постави своите корисници на прво место со проактивен пристап на корисничкиот сервис и овластениот персонал.”

Пофалба за “Најдобра употреба на инфлуенсери” се доделува на авио-компании кои се во состојба да го искористат влијанието на инфлуенсерите на социјалните медиуми за да создадат значајна интеракција со релевантната публика.

“Го применуваме истиот пристап во ангажманот на инфлуенсери, бидејќи тој претставува важен дел од секоја современа стратегија за дигитален маркетинг. Постојано се стремиме да обезбедиме партнерство со инфлуенсерите со кои нашите клиенти можат да се поврзат на вистински и автентичен начин, прикажувајќи ги само оние искуства кои навистина можеме да ги обезбедиме”, додава Барнел.

Освен традиционалните инфлуенсери, Етихад Ервејс ангажираше и некои неочекувани и уникатни поединци во минатото, вклучително и Софија, најнапредниот робот на светот по прашањето на вештачката интелигенција.

Етихад Ервејс, исто така, има работено со малиот “Капетан Адам”, кој ги освои срцата на милиони гледачи ширум светот со своето познавање на авијацијата во кабината на авионот на Етихад Ервејс. Видеото направено од пилотот набрзо стана вирално. Инспирирани од чудото од дете, Етихад Ервејс го повика Адам да го оствари животниот сон, нудејќи му да управува со симулатор на авион Ербас А380 во седиштето на авиокомпанијата во Абу Даби. Резултатот беше едно од најуспешните видеа на социјалните медиуми објавени од страна на авиокомпанијата во 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365