Home » Во фокусот » Еве кои агенции ќе ја работата кампањата за подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови

Еве кои агенции ќе ја работата кампањата за подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови

Генералниот секретаријат на Владата ќе инвестира 468.000 евра за нова кампања, со која, има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови.

lekovi

Владата за реализација на кампањата склучила договори со три маркетинг агенции, кои ќе бидат задолжени во рок од шест месеци да изработат идејни решенија, обезбедат медиа закуп и спроведат ПР стратегија за промоција на кампањата.

Тендерите ги добија маркетинг агенциите:

Маркет Висион“, која ќе треба да испорача идејно решение на лого и банери, идејно решение и изработка на радио спотови,  идејно решение и изработка на принт огласи,адаптација за надворешно рекламирање (мегалајти, билборди и автобуси) , адаптација за внатрешно рекламирање (лифтови, влезови и сл.), како и осмислување и реализација на ПР стратегија за промоција на кампањата, во вредност од 125.552 евра,

Омега комуникејшн“, задолжена за: подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање, во вредност од 236.000 евра ; и агенцијата

Аквариус дизајн“, која треба да подготви идејно решение и изработка на ТВ спотови, и од колачот ќе добие 106.545 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365