Home » Digital » Европската комисија ќе бара месечни извештаи за лажните вести од социјалните мрежи

Европската комисија ќе бара месечни извештаи за лажните вести од социјалните мрежи

Европската комисија планира да побара од платформите на социјалните мрежи да поднесуваат извештаи на месечна основа, се `до мај, кога се одржуваат изборите на Европскиот парламент, изјавија двајца претставници на Европската Унија за европски “Политико”

Неименувани претставници, како што се наведува, изјавија дека извештаите ќе бидат поврзани со “руската кампања на дезинформации” и дека овај повик е дел од “акциониот план” поврзан за лажните вести кои ќе биде презентиран оваа недела.

Фејсбук и други социјални платформи ќе бидат поканети да поднесуваат извештаи од јануари до мај следната година.

Европската комисија планира да ги објави овие извештаи со цел да се подигне свеста на европските гласачи за тоа како странски актери се обидуваат да влијаат врз нивниот глас.

Овај план, како што се наведува, ќе ја истакне Русија како земја која во повеќе наврати има направено таков престап со користење на систематска кампања на дезинформации во поголем обем.

Во извештаите од овие компании, ќе има и податоци за тоа како ги обележуваат политичките реклами и колку лажни профили или “ботови” идентификувале и затвориле.

Меѓу компаниите од кои ќе се бара месечен извештај моментално се наоѓаат Гугл, Твитер и Мозила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365