Home » Digital » Европската Унија порачува: “Интернетот мора да остане отворен и транспарентен за сите“

Европската Унија порачува: “Интернетот мора да остане отворен и транспарентен за сите“

Откако американскиот Сојузен оддел за комуникации одлучи да ги укине утврдените правила донесени во 2015 година, со кои се воспостави неутралност на интернет, се огласи и Европската унија

Интернетот е заедничко добро за човештвото кое може да предизвика промени во општеството и економијата.

Изградбата и одржувањето на отворен, транспарентен и инклузивен систем за управување со интернет ќе помогне во обезбедувањето на тие предности за сите, стои во објавувањето на Internet Governance Forum.

Што се однесува до неутралноста на интернет, барем во европските рамки, на форумот се истакнува дека токму неговата неутралност е главната вредност на интернетот за Европската Унија ​​и дека ќе продолжи со имплементација за доброто на сите интернет корисници.

На форумот се истакна дека ќе продолжи борбата за заштита на правата на граѓаните, не само во ЕУ, туку и во целиот свет, за нивната приватност и пристапот до приватни податоци, како и на неутрален интернет.

Моментално сме сведоци на зајакнување на силите што би можеле да доведат до фрагментација и поларизација на интернетот. Европска Унија е насочена кон заштита на отвореноста на интернетот на светско ниво и ќе работи, во соработка со други заинтересирани страни, за обезбедување на долготрајната одржливост на овој принцип.

Интернетот на иднината  ќе биде инклузивен, транспарентен и кредибилен, стои во декларацијата што ја потпишаа европската комесарка задолжена за дигитална политика Марија Габриел и членовите на Европскиот парламент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365