battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Facebook и Google во огласувачка офанзива

Facebook и Google во огласувачка офанзива

Најавата за поголеми глобални буџети на компаниите за наредната година, приближувањето на светското првенство во Фудбал, зголемувањето на интернет корисниците и пристапот на интернет преку мобилни уреди се чини се голем предизвик за најголемите интернет компании Google и Facebook во годинава што претстои на пазарот да се прмовираат како незамислив медиум во секоја можна огласувачка кампања.

Вестите кои деновиве ни доаѓаа “од западот“ зборуваат токму во тој прилог.

Facebook and Google Marketing365

 

Google и Facebook  засилено работат на промоција на сопствениот огласувачки потенцијал, постојано лиферувајќи “апла“ комерцијални текстови на низа влијателни во браншата медиуми каде ги комуницираат параметрите публика, трендови, ROI, CTR…итн… промовирајќи колку нивните платформи се успешни и колку пари веќе прават годишно.

Дека претпразничниот период е повеќе од идеално време за да се комуницираат овие елементи, нема потреба посебно да образложуваме знаејќи дека периодов се финишираат сите буџети за наредната година и се “дотрошуваат“ сите за тековната. Плус во секој случај си лебди атрибутот “претпразнична еуфорија“ колку и тоа изживеано да звучи.

Најпрво YouTube, видео сервисот во сопственост на Google направи низа промени за кои пишувавме претходно (коментирање со лична G+ сметка) со кои со еден потег се обиде да ги намали сите “нетранспарентни тролачи“ и да им даде некаков комодитет на објавувачите на видеа дека нема веднаш да бидат нападнати од илјадници “тролови“ кои скривајќи се под превезот на анонимноста ќе го деградираат нивото на комуникација, проблем кој беше сериозен на YouTube каде неретко после некое видео за некој настан можевме да видиме илјадници коментари на луѓе кои се препукнуваат на религиска или етничка основа со сериозни закани, често и по живот – за теми најчесто воопшто не поврзани со видеото под кое коментираат.

Откако YouTube тоа “го реши“ , се испофалија колку нивната YouTube огласувачка платформа е успешна и колку поуспешна ќе биде догодина, промовирајќи овогодишен раст од 51,4 % и аспирирајќи кон 5,6 милијарди долари кои се проценува дека се инвестирале годинава.

Во меѓувреме стигна и веста дека нивниот AdSense систем отсега е responsive, односно дека димензиите на кодовите што ќе се поставуваат кај објавувачите (медиумите преку кои се огласуваат огласувачите), отсега се целосно  прилагодливи. Тоа е одлично за сите ! Новина која врти нова страна во развојот на контекстуалното рекламирање.

Од друга страна деновиве со Фејсбук се врзуваат уште поинтересни вести.

Најпрво ладниот туш со второ поголемо намалување на rech-от на објавите на Фан страните, ставајќи ја во прв план услугата #boost , без која објавите на големи Фан страни стануваат речиси бесполезни ако се сака да се оддржи истото ниво на интеракција со целната група.

Што би се рекло, убаво е Вие да имате голема Фан Страна, ама ако не платите….тоа што го постирате ќе го гледаат само 9% од фановите.

Арач :)

Затоа уште од сега Фејсбук (на време) ги информираа сите кои сакаат да ги користат нивните Фан Страни на време да си обезбедат буџет за тоа.

Да не останат само на ова….еве предновогодишно му залепија “една воспитна“ и на Snapchat.

Изминативе месеци фино-лепо им понудија да ги купат, дури и 3 милијарди ставија на маса. Овие од Snapchat одбија и сега нека свиркаат.

Facebook вчера објави дека воведува сервис на direct messaging на Instagram(сервисот за споделување на слики кој го купија пред повеќе од 1 година). Сите корисници ќе може дирекно, да си комуницираат меѓу себе кога ќе се online далеку од очите на широката публика. Ве потсеќа на нешто? Епа ова е почетокот на идентичен сервис како тој на Snapchat кој веројатно повеќе нема да добива солени понуди во скоро време, на ФБ повеќе не му треба !

Покрај таа новина имаше и една друга од пред 1 месец кога беа пуштени првите спонзорирани објави (слики) на инстаграм кој дневно веќе го користат повеќе од 150 милиони корисници, секако солидна база за развој на нов огласувачки канал !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365