Home » Digital » Фејсбук избриша 583 милиони лажни профили во првиот кваратал од 2018 година

Фејсбук избриша 583 милиони лажни профили во првиот кваратал од 2018 година

Компанијата превзеде мерки против речиси милијарда и половина профили и постови кои ги прекршиле стандардите на оваа социјална мрежа

Околу 583 милиони лажни профили на Фејсбук се укинати во првите три месеци од оваа година, велат од компанијата, а околу 837 милиони различни мислења се отстранети. Модерирани се 2,5 милиони постови кои се однесуваат на говор на омраза, 1,9 милиони постови кои се однесуваат на терористичка пропаганда, 3,4 милиони постови кои прикажуваат насилство и 21 милиони содржини кои прикажуваат голотија и секс.

Ова е почеток, а не крај на патот и се обидуваме да бидеме што поотворени“, изјави Ричард Алан, потпретседател на Фејсбук за јавна политика за Европа, Блискиот Исток и Африка.

Постојат неколку категории кои се извојуваат од правилата на Фејсбук за прекршување на содржината и вклучуваат визуелни прикази на сексуална експлоатација на деца, порнографија, насилство, самоубиствени пораки, малтретирање, нарушување на приватноста и авторски права. Се зголеми и бројот на содржини кои се отстранети од алатки базирани на вештачка интелигенција, кои се користат за лоцирање и модерирање на содржини, кои ги означуваат како такви.

Фејсбук не е единствената платформа која презема чекори за обезбедување транспарентност. Претходно и Youtube отстрани милиони видеа кои ги прекршувале нивните правила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365