Home » Digital » Фејсбук ќе ги открива сите огласи кои брендовите ги спонзорираат на оваа платформа

Фејсбук ќе ги открива сите огласи кои брендовите ги спонзорираат на оваа платформа

Отсега корисниците ќе можат да ги проверуваат сите огласи кои некој бренд ги спонзорирал на Фејсбук, во рамките на борбата на оваа компанија со сомнителните огласи, какви што беа тие кои имаа огромно влијание на политичката кампања во 2016 година

Минатата недела, главната оперативна директорка на Фејсбук Шерил Сандберг, најави примена на нови правила со кои на сите корисници ќе им биде овозможено да ги видат сите огласи кои некој бренд ги промовира на оваа социјална мрежа, но и на Инстаграм, Месинџер и пошироката огласувачка мрежа на Фејсбук.

Ова доаѓа како дел од напорите на Фејсбук во борбата против сомнителното огласување кое имаше значително влијание на политичките кампањи, особено во поглед на претседателските избори во САД и претставува сигнал за определувањето на оваа компанија да овозможи поголема транспарентност на своите платформи. Дел од тоа е и архивирањето на политичките и издавачките огласи под посебна класификација која на јавноста ќе и` биде достапна за период од седум години.

Овај нов начин на транспарентност на огласите ги збуни некои од огласувачите, кои се загрижени дека нивната стратегија на огласување сега ќе биде отворена за конкуренцијата, која би можела да го искористи тоа против нив.

Исто така, издавачите и медиските компании се загрижени дека и нивните постови ќе потпаднат под правилата за политичко огласување, бидејќи нивните новинарски напори би можеле да бидат поврзани со политичките заговарања. Фејсбук планира да вклучи и спонзорирани написи за политика во својата архива на политички огласи.

Минатата година, Фејсбук одлучи дека ќе го открие изворот на секој оглас кој се појавува на нивните платформи и тоа откако се откриени речиси 500 групи поврзани со Русија, кои користеле сомнителни методи за медиа закуп на огласи во текот на претседателските избори во САД 2016 година. Ова странско мешање во политичките процеси е откриено на повеќе социјални медиуми, вклучувајќи ги и Твитер и Јутјуб.

Исто така и Твитер работи на ова прашање, па така минатата недела отвори свој „центар за транспарентност на огласите“, кој исто така ќе ги открива сите огласи кои ги спроведува некој бренд или политичка организација. Политичките огласи ќе бидат јасно означени и со повеќе дополнителни податоци, како што се на пример, податоци за целната публика.

Меѓутоа, медиумските издавачи имаат голем проблем за овие нови правила, затоа што често ги спонзорираат своите објави на Фејсбук, со цел да добијат поголем досег за вестите кои веруваат дека ќе привлечат поголема публика, а кои сега ќе бидат категоризирани како политички огласи.

Фејсбук се понуди таквите огласи да ги става под посебна категорија во архивата на огласи, со цел да се разликуваат од останатите политички огласи но тоа не ја намали загриженоста на издавачите.

Сакам да изразам несогласување со тоа што нашата новинарска работа се изедначува со политичкото огласување или огласувањето кое настојува да влијае на било кој со било каква политичка агенда,“ изјави еден од главните уредници на една медиска компанија, која ги замрзна своите вложувања за промовирање на објави на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365