Home » Digital » Фејсбук патентираше нов метод за собирање на кориснички податоци

Фејсбук патентираше нов метод за собирање на кориснички податоци

Со помош на новата технологија, Фејсбук би можел со користење на бесшумен сигнал да го активира микрофонот на вашиот паметен уред и да собира дополнителни информации потребни за нивната главна активност – таргетираниот маркетинг.

Новиот патент на Фејсбук е наречен “broadcast content view analysis based on ambient audio recording” (анализа на прегледите на емитуваната содржина заснована на снимки од амбиенталени звук). Тој опишува систем со чија помош се анализира посебна звучна порака која човечкото уво не може да ја препознае и која се вградува во ТВ рекламите.

Како функционира?

Откако корисникот ќе погледне некоја телевизиска реклама, звучниот отпечаток може да го натера смартфонот или друг уред да го вклучи микрофонот и започне да му пренесува податоци на Фејсбук. Со други зборови – оваа технологија му овозможува на Фејсбук да препознае кога ја менуваме програмата за време на реклами или се оддалечуваме од уредот и тоа го испраќа на Фејсбук за понатамошна анализа.

Кога доаѓа?

Патентите како овој, на крајот на денот, се логичен развој на бизнисот и прибегнување кон уште поголем профит. За среќа на сите кои барем малку се загрижени за својата приватност, патентот е поднесен во крајот на 2016 година и објавен дури на 16 јуни оваа година, што значи дека Фејсбук не се брза со неговата интеграција во постоечките системи, особено не така брзо по скандалот со Кембриџ Аналитика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365