Home » Digital » Фејсбук размислува за верзија без реклами

Фејсбук размислува за верзија без реклами

Фејсбук започна да истражува дали верзијата на популарниот сервис без реклами би привлекла повеќе корисници на социјалната мрежа.

Ова е нешто за што Фејсбук размислувал и порано, а во екот на неодамнешниот скандал со искористување на податоците на корисниците, оваа идеја повторно се актуелизира во компанијата.

Инсајдерите, блиски на оваа тема, укажуваат на тоа дека креирањето на опција на претплата без реклами, ќе спречи многу корисници да го затворат својот профил и да ја избришат апликацијата.

Проблем со опцијата за сервис без реклами, би бил покривањето на 42 милијарди долари заработка, колку што пријави Фејсбук минатата година. Ова во голема мера се должи на продажбата на реклами, базирани на корисничките податоци. Официјалните лица на Фејсбук неодамна потврдија дека Фејсбук стигнува до мнозинството луѓе преку модел поддржан со рекламирање. Главниот извршен директор на компанијата Марк Закерберг и главниот оперативен директор Шерил Сандберг, истакнаа дека Фејсбук ќе продолжи да продава политички огласи и реклами како дел од начинот за поддршка на “слободата на изразување”.

Иако сè уште ништо не е одлучено, се нагласува дека постои можност за сервис на Фејсбук базиран на претплата, иако Цукерберг посочи дека доколку заживее платената верзија на оваа социјална мрежа, секогаш ќе постои верзија на Фејсбук, која ќе е бесплатна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365