Home » Digital » Фејсбук се соочува со казна од половина милион фунти поради скандалот со Кембриџ Аналитика

Фејсбук се соочува со казна од половина милион фунти поради скандалот со Кембриџ Аналитика

Фејсбук се соочува со првата парична казна заради тоа што не спречиле фирмата Кембриџ Аналитика да дојде до информации од профилите на корисниците на оваа социјална мрежа

Британското регулаторно тело кое го истражуваше скандалот соопшти дека има намера да го казни Фејсбук со 500.000 фунти (663.000 долари) поради лошата заштита на податоците. Ова е максималната казна што може да се наплати заради кршење на законите за приватност на податоците на Обединетото Кралство.

Казната од половина милион фунти е мала износ за Фејсбук, кој според пријавените приходи од 11.97 милијарди долари во првите три месеци од оваа година, овие пари ги генерира речиси на секои седум минути.

Сепак, тоа ќе биде прва материјална казна за компанијата поради скандалот со кој ја загрози репутацијата  и заради кој нејзиниот извршен директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот на САД во врска со податоците на корисниците, кои компанијата ги стави на располагање на трети лица.

На крајот на мај, тој сведочеше во Европскиот парламент, каде што се извини за начинот на кој Фејсбук беше искористен за произведување на лажни вести и мешање во изборите.

Фејсбук објави дека британската компанија Кембриџ Аналитика, која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања 2016 година, дошла до личните податоци на 87 милиони корисници. Кембриџ Аналитика, која престана да работи во мај, соопшти дека дошла до податоци од само 30 милиони луѓе.

Скандалот беше откриен откако поранешниот работник Кембриџ Аналитика, Кристофер Вајли изјави дека податоците на корисниците на Фејсбук се компромитирани преку апликацијата “Ова е твој дигитален живот”, квиз за личноста на која учествувале 270.000 луѓе.

Сепак, апликацијата не само што собирала податоци од учесниците во квизот, туку и информации од нивните пријатели, вклучувајќи и детали кои тие не планирале да ги споделат јавно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365