Home » Digital » Фејсбук тестира опција за автоматско правење настани

Фејсбук тестира опција за автоматско правење настани

Друштвената мрежа сака да им помогне на администраторите на страниците да можат полесно да се поврзат со луѓето

Фејсбук потврди дека од минатата година тестираат опција која автоматски создава постови за настани, користејќи ги информациите што администраторите на страниците  ги внесуваат во самиот пост.

Начинот на кој оваа опција работи е видлива е од скриншотот кој за Social Pro Daily го сподели Мег Кофи, директор на компанијата Coffey & Tea.

Портпаролот на Фејсбук, по овај повод изјави: “Настаните на Фејсбук го олеснуваат личното поврзување со луѓето, предлагајќи посебно место за разгледување на настани кои одговараат на Вашите интереси. Сакаме да им помогнеме на креаторите на страниците за настани во правењето на нивните настани. Минатата година започнавме едноставна опција за создавање на настани од постовите, за да обезбедиме едноставно и јасно искуство за новите креатори на настани, и/или креаторите на настани кои сакаат едноставен процес при креирањето на настани, без комплицирани напредни опции. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365