Home » Digital » Фејсбук воведе “инстант статии“. Медиумите треба да внимаваат !

Фејсбук воведе “инстант статии“. Медиумите треба да внимаваат !

Од пред два дена Фејсбук претстави една новина, платформа која ја нарече “Инстант статии“ која што овозможува директно вчитување на статии од неколку премиум објавувачи/медиуми кои ќе се појавуваат во news feed-от на корисниците.

Овој новитет на самиот старт е воведен во соработка со девет медиумски куќи како Њујорк Тајмс, BuzzFeed, National Geographic, NBC, The Atlantic, Guardian, BBC News, Der Spiegel и Билд. Засега статиите ќе се појавуваат само на iOS верзија на Фејсбук апликацијата а најавено е дека опцијата наскоро ќе биде достапна и за на Андроид.

instant statii na fb

Паралелно со ова се додадени и нови можности за управување на статиите и создавање на поинтерактивно искуство како на пример: зголемување на фотографиите, автоматско пуштање на видеото при неговото појавување на екранот, коментирање на конкретни реченици од текстот итн.

Facebook дури им ветува на медиумите дека ќе им овозможи да ги преземаат сите приходи од рекламирање, кои се генерираат од Instant Articles. Освен тоа ќе можат да ги користат и дополнителните рекламирачки платформи на социјалната мрежа, за да се монетаризираат непродадените рекламни површини.

Меѓутоа голем број на медиумски експерти покажаа и скепса во однос во оваа новина на Facebook бидејќи гледаат и потенцијална опасност за медиумите. Интернет издавачите и досега во борбата да стигнат до што повеќе читатели обилно ја користеа најпознатата социјална мрежа, но, ако Instant Articles помине добро кај публиката и кај огласувачите, опасноста е дека медиумите можат да станат животно зависни од Facebook.

А ако се стаса дотаму, прашање е дали Закерберг ќе остане на политиката од оваа промотивна фаза на Instant Articles, кога медиумите можат да рекламираат во контекст на содржините што ги објавуваат на платформата без заработката да ја делат со Facebook. Ако текот на работите му даде за право на еден од најголемите интернет претприемачи да им каже на медиумите – публиката го чита Facebook, а не вас – тој ќе знае ова добро да го капитализира.

Понатаму, постои опасност медиумите во Instant Articles да го изгубат својот бренд идентитет. Читателот што ќе одлучи да бара одредена медиумска содржина токму на платформата на Facebook (кога веќе потенцијалниот читател е таму по друга работа, а таму е често), секако, не бара конкретен медиум. Ако се навикне така да се информира, многу брзо само рефлексно ќе го прима специфичниот дизајн или квалитетот на изработката на веб-страницата на конкретен медиум, и на крајот ќе забележува само содржина … и, секако, ќе знае дека е на Facebook.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365