Home » Во фокусот » Факултети.мк прослави три години постоење со промоција на нова албанска верзија на порталот

Факултети.мк прослави три години постоење со промоција на нова албанска верзија на порталот

Факултети.мк водечкиот македонски портал за образование и наука, денеска слави 3 години од своето постоење.

Поминаа 3 години посветени на факултети.мк. Денеска можеме да бидеме горди што успеавме да создадеме силен медиум посветен на образованието, медиум преку кој студентите може слободно да се изразат и вистински партнер на високообразовните институции. Тимот на Факултети.мк не се само осумтемина соработници кои се грижат за секојдневното функционирање на порталот туку и сите студенти, поединци, компании и високообразовни институции кои придонесуваат заедницата да добие вистинска платформа за поврзување на студентската и научната јавност. Им благодариме на сите кои не поддржа во изминатиот период и им најавуваме уште многу новитети и сервиси кои ќе бидат од корист на сите“ – изјави Стојче (Коко) Ѓорѓиев, еден од основачите на порталот Факултети.мк

fakulteti-logo

 Првата новина која денеска беше промовирана од тимот на Факултети.мк е новата албанска верзија – Fakultetet.com со која ќе се анимира студентската заедница во Албанија и Косово.

Факултети.мк (fakulteti.mk) е водечки македонски портал за образование и наука.

Две години по ред (2012 и 2013 год.) е добитник на признанието “Најпопуларен веб сајт во Македонија“. Месечно порталот е посетен од повеќе од 300.000 посетители кои прелистуваат над 3 милиони страници на порталот.
Факултети.мк е иницијатор на повеќе општествено корисни акции со кои ја стимулира хуманоста (пр. “Солидарен Оброк“) и развојот на научната и творечка мисла со што активно работи на својата мисија да биде движечка сила во промоцијата на образованието и трајните вредности кај младите луѓе.

Автор Душан Пецов

Душан се интересира за Brand Equity, Бренд Маркетинг и Однесувањето на потрошувачите. Моментално е ангажиран во Nestlé Македонија како Trainee in Trade Marketing

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365