Home » Маркетинг & Адвертајзинг » Фејсбук соопшти дека го користат над милион огласувачи

Фејсбук соопшти дека го користат над милион огласувачи

Во текот на вчерашниот ден, Фејсбук соопшти дека ја достигнал бројката од 1 милион огласувачи.

Дан Леви, еден од шефовите на „Фејсбук“ одговорен за маркетингот на компанијата, им изрази благодарноста на сите овие компании кои се активни огласувачи.

– Вие го избравте „Фејсбук“ како партнер за да го зголемувате Вашиот бизнис. Ја користам можноста да Ви се заблагодарам што сте ни наш партнер и што ни овозможивте многу што да научиме од сите Вас.

Ова соопштение доаѓа само 2 дена пред пресконференција која е закажана за утре (Четврток 20.06.2013) и на која се очекува да се соопшти некоја голема новост од најголемата социјална мрежа.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365