Home » Во фокусот » Фестивал за интегрирани комуникации овој октомври во Белград

Фестивал за интегрирани комуникации овој октомври во Белград

Порталот Marketing Mreza на 29. октомври во Белград ќе го организира првиот национален Фестивал за интегрирани комуникации – КАКТУС 2015. Фестивалот кој се оддржува под слоганот “Идеи кои опстануваат“ ќе понуди богата и интересна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови.

KAKTUS 2015 - vizual

Дневниот конференциски дел од фестивалот ќе биде составен од предавања и работилници на повеќе водечки стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се и Abraham Abbi Asefaw и Zlatko Corluka, основачите на Pop Up агенцијата од Лондон ; Jacob Kobi Gamliel, основач на најголемата дигитална агенција во Израел iSOCIA ; Luca Gatti, Brand Operation Integration Manager за EMEA регионот во компанијата Procter & Gamble и Mike Brandt, основач на данската агенција Urge и иновативниот пристап за огласување – Advertisingawesomeness.

Покрај нив, учесниците на фестивалот ќе имаат прилика да ги чујат и искуствара на Marijana Prpic, брендинг директорка во компанијата Google, Svetlana Stavreva, директорка на маркетинг и комуникации во компанијата IBM за Југоисточна Европа, како и Matije Vujovic и Vladimir Grcic од агенцијата Kitchen Prague.

Вечерната програма на фестивалот ќе го биде обележана со доделувањето на наградите за најдобрите во струката. Наградите се доделуваат во вкупно 13 категории, а нив ќе ги добијат организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди ќе одлучи стручно жири кое го сочинуваат 25 угледни професионалци од креативните, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.

“Пазарот на маркетинг комуникации во Србија и креативните проекти кои излегуваат од него заслужуваат квалитетен креативен фестивал. Кактус постои за да ја инспирира домашната креативна индустрија во иднина да создава што подобри и поинвативни идеи – идеи кои опстануваат“ – вели Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мреза која потсети и дека пријавувањето на конкурсот Кактус трае до 20 септември.

Повеќе информации за фестивалот може да се пронајдат на : www.kaktus.rs.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365