Home » Во фокусот » Фестивалот Cannes Lions ја објави програмата!

Фестивалот Cannes Lions ја објави програмата!

Cannes Lions, Меѓународниот фестивал на креативностa објави детали за фестивалот во 2018 година, кој ќе ги обедини програмите за учење и награди. Програмата на овогодинешниот фестивал ќе им понуди на публиката знаење и предвидливост, потребни за континуиран развој на комуникациската индустрија.

Новиот формат оваа година вклучува креативни дискусии кои ќе се осврнат на главните прашања со кои се соочува индустријата, вклучувајќи ги и “Кој ќе биде вашиот следен шеф?”. Учесниците на дебатата ќе бидат Nick Law (главен креативен директор на Publicis Group), Anatoly Roytman (извршен директор за Европа, Африка и Јужна Америка во Accenture Interactive), Emma Sharkey (креативен директор во Rothco) и Jamie Robinson (основач и главен креативен директор во Joan). Тие ќе ја испитаат и протолкуваат иднината на комуникациската индустрија и нејзините учесници.

Еден од новите формати оваа година е “Power Hours” на кој ќе учествуваат три предавачи поврзани со заедничка тема. Исто така, програмата “Forum“ ќе содржи иновативни формати во облик на игри, вклучувајќи и дебата предводена од Mark Earls (the “Herdmeister”), автор и лидер во современата когнитивна наука во огласувањето.

Фестивалот ќе биде отворен со клучното предавање од страна на David Droge (креативен директор и основач на Droga5) под наслов “Why the Hard is Easy and the Easy is Hard”.

Подетални информации можете да најдете на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365