Дали би гледале филм затворени сами во ковчег?
Филмскиот фестивал во Гетеборг направиви посебна кампања за промовирање на претстојната премиера на научно-фантастичниот филм “Аниара”, во кој човештвото е принудено да избега од планетата Земја, а идејата, во најмала рака, е морничава.
Фестивалот и нивната агенција Стендалс всушност, го креираа “најклаустрофобичното кино“ на светот, бидејќи ги повикуваат фановите да го погледнат филмот затворени во ковчег.
Луѓето можат да аплицираат онлајн за да добијат шанса да ги стават во ковчег со димензии 210 × 60 см. Ковчезите, се разбира, имаат вентилациони отвори и се опремени со вградени екрани и звучници. Секој ковчег е внимателно следен и секој е опремен со панично копче – за секој случај.
Проекциите ќе се одржат помеѓу 27 и 31 јануари, а секое искуство ќе трае повеќе од три часа со група од осум лица кои се избрани по случаен избор.
“Ова ќе биде предизвикувачко искуство кое го интензивира чувството на осаменост во вселената – нешто што го карактеризира филмот “Аниара”. Сакавме да истражеме што се случува кога гледате филм во вакви екстремни услови”, вели Џонас Холмберг, креативен директор на филмскиот фестивал во Гетеборг. “Проекциите може дури и да покренат неколку прашања во врска со насоката во која се движи човештвото.”