Home » Во фокусот » Фолксваген престанува со производство на лагендарната “буба“

Фолксваген престанува со производство на лагендарната “буба“

Германската автомобилска компанија Фолксваген најави дека од јули 2019 ќе престане со производство на легендарниот модел “буба“

Како што пренесува порталот Бизнис инсајдер, до овој потег германската компанија доаѓа поради продолжување на трендот на фокусирање на авто пазарот кон SUV и кросовер возила.

Минатата година во САД се продадени околу 15.000 „буби”, што е драматичен пад во однос на повеќе од 420.000 продадени единици на врвот на популарноста на овај модел кон крајот на 1960-тите години.

Најмногу “буби“ се продадени во САД во 1968 година, кога модел се појави како тркачки автомобил под името „Херби” во филмот на Дизни „Love Bug” (кај нас се прикажуваше под наслов “Херби, љубовната буба“).

Германскиот гигант го прекинува производството на својот исконски модел после седум децении од нејзиното лансирање на пазарот.

Првата “буба“ е произведена во 1938 година во Германија. Нејзината голема популарност во САД во текот на 1960-тите го поттикна Фолксваген да го изгради својот прв производствен погон во Америка, во градот Пуебла во Мексико, за да се задоволи побарувачката. Се очекува токму во оваа фабрика да биде произведена последната “буба“ во јули 2019 година.

„Загубата на ’буба’ после речиси седум децении производство, ќе предизвика бран на емоции меѓу нејзините многубројни верни фанови”, изјави извршниот директор на американската подружница на Фолксваген, Хенрих Вебкен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365