Форд ја именува агенцијата BBDO на Omnicom како водечка креативна агенција по ревизијата која што беше значителен удар за агенцијата WPP, која беше уверена дека ќе го одбрани акаунтот.
Автомобилската компанија, исто така, ќе продолжи да соработува со агенцијата Wieden + Kennedy, која соработка започна на почетокот на оваа година, во областа на иновациите. Агенцијата работеше на последната кампања на брендот во Америка, што само по себе беше знак дека Форд сака да направи некои промени.
Форд, во рамките на својот нов агенциски модел, исто така, планира да одржи 100 in-house маркетинг работни места.
Овој нов правец во маркетингот на овај бренд, доаѓа по ревизијата што започна во април. Претходно, WPP го држеше целокупниот Форд акаунт во повеќе агенции здружени како “Global Team Blue“.