Јубилејниот, петти по ред, регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2019 ќе се одржи на 25 и 26 март во хотел Hyatt Regency во Белград, под слоганот “Вистина или предизвик”. Се работи за интерактивен бизнис настан, прв од ваков вид во регионот, наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетинг, односи со јавноста и дигитални комуникации од компании и агенции.
Главната тема на петтиот регионален форум на комуникациски лидери ќе биде фокусирана на транспарентно и одговорно работење, за кое ќе зборуваат претставници на најголемите домашни агенции и компании. За состојбата на пазарот на маркетинг комуникации во земјите од регионот ќе зборуваат претставници на агенции од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Темите на форумот ќе бидат и миграција на огласувањето; што се, покрај профитот, другите мотиви за заеднички настап на агенциите и компаниите на пазарот; мерење на ефикасноста на кампањите; што доведе до фрагментација на пазарот и како тоа ќе влијае на професијата, но, и зошто вложувањето во лојалноста на потрошувачите е всушност вложување во развојот на брендот. На форумот, исто така, ќе се зборува и за деловната етика, како и зошто транспарентноста на питч процесите ќе донесе придобивки за сите.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот меѓу агенциите и компаниите, преку најразлични видови на интерактивни работилници, а ќе биде организиран и тимбилдинг за учесниците.
Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2019 ќе биде претставено најновото истражување на статусот на професијата во регионот, кое заедно го започна порталот Маркетинг мрежа и агенцијата за истражување Smart + Research.
“Транспарентниот пазар за секоја индустрија, па и за маркетинг комуникациите е основ за здрава и фер конкуренција, но и за бизнис иднината на сите учесници. Транспарентноста не е предуслов, туку основа на секој добар деловен однос. Тоа значи јасна, отворена и директна комуникација за фактите кои се релевантни за сите страни. Единствено на овој начин можеме да ги увидиме и процениме предностите и недостатоците, да донесеме правилни одлуки што ќе ни овозможат раст и развој. А ако навистина сакаме подобри услови на пазарот, потребно е и да се потрудиме – на ниво на професијата, компанијата, агенцијата, но и како поединци”, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, која е организатор на форумот IZAZOV 2019.
Пријвувањето на учесниците на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2019 трае до 8 март, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на: www.izazovforum.rs