Home » Во фокусот » Гемиус е избран за официјален мерач на интернет сообраќајот во Белгија и Луксембург

Гемиус е избран за официјален мерач на интернет сообраќајот во Белгија и Луксембург

Белгија, којашто има интернет пенетрација од 75 отсто, и Луксембург, каде што преку 80 отсто од населението користи интернет на дневна база, сега се официјално 35. и 36. земја каде што „Гемиус“ ги спроведува своите истражувања на интернет публиката.

Гемиус

Соработката почна од 1 април и ќе се спроведува во наредните две години, со можност за продолжување. Centre d’Information sur les Médias (ЦИМ) и мешовитиот индустриски комитет на Белгија го избраа новиот истражувачки партнер без тендерски процес.

Го поздравуваме нашето ново партнерство со посветени експерти по интернет, како „Гемиус“. Со задоволство гледаме на следниот период за соработка и наоѓање прагматични истражувачки решенија во брзиот развој на интернетот – изјави Стеф Петерс, претседател на ЦИМ.

ЦИМ одлучија да ги користат нашите услуги поради тоа што имаме добар имиџ и уживаме голема доверба од другите европски индустриски комитети. Тие ги препознаа нашите конкурентски предности и фактот дека доставуваме решенија по мера на клиентот, кои можат да се приспособат на специфичните локални потреби на самиот клиент. Понатаму, нашиот бренд е гаранцијата за добра и успешна методологија и инфраструктура– вели Пиотр Ејдис, претседател на „Гемиус“.

Белгискиот ЦИМ е формиран во 1971 и е активен во сите медиумски полиња на локалниот пазар: телевизија, радио, печатени медиуми, билборди, филмови и интернет. Како непрофитна организација, ги објавува сите релевантни податоци од интерес на медиумите во Белгија. Во неа членуваат сите поголеми двигатели на пазарот, главно огласувачи, маркетинг агенции, медиумски центри и медиуми.

Гемиус спроведува интернационални интернет истражувања со кои што го истражува бројот и демографскиот профил на интернет корисниците и начинот на кој тие го користат интернетот, аудио и видео содржините и мобилните апликации. Истражувањата се вршат со помош на хибридната методологија на Гемиус, која е во согласност со ICC/ESOMAR интернационалниот кодекс на однесување.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365